На 45.седница нови закони
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2018 08:21
На дневен ред на 45. собраниска седница се предлог-законите за странци, за енергетика, измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските средства, Законот за вработување инвалидни лица, сите во прво читање.
Во второ читање на дневен ред на оваа седница се Предлог-законот за високото образование, измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Законот за инспекциски надзор, на Законот за Фондот за осигурување на депозити, на Законот за класифицирани информации…
По скратена постапка на дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за ревизија, на Законот за хартии од вредност, на Законот за Кредитно биро, на Законот за технолошки индустриски развојни зони…
Собранието ќе расправа и за предлог-законите за ратификација на Спогодбата меѓу Република Македонија и Република Бугарија за соработка во случај на катастрофи и за ратификација на изменувањата на Протоколот 2 кон Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција.
Пратениците ќе расправаат и за Предлог за избор на неизвршен член на Советот на Народната банка на Република Македонија.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




