17 Декември, 2025
0.0528

На Јанкуловски не му се доволни три месеци да го промени статутот на УКИМ

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2018 12:37

Добивај вести на Viber

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во рок од три месеци треба да направи промени на Статутот со што ќе се усогласи со Законот за високо образование, што го изгласа Собранието пред три дена како дел од пакетот реформски закони.

Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски денеска изјави дека периодот за усогласување е кус и оти секогаш има можност за подбрување на секој закон.

- Како Универзитет имаме законска обврска да се усогласиме со новиот Закон. Тоа значи дека во најскоро време треба да направиме промени, во рок од три месеци, што сметам дека е малку време да се усогласиме со новиот Закон односно да направиме промени во Статутот, изјави  Јанкуловски одговарајќи на новинарски прашања при учеството на Денот на високото образование на УКИМ што се одржува во кампусот на техничките факултети.

Главни цели на Законот за високо образование, што беше усвоен пред три дена  од Собранието како дел од пакетот на реформски закони, се квалитетот на образованието и автономија на универзитетите.

Новини што ги донесува законот се формирање агенција за квалитет на високо образование која ќе ги опфати како два раздвоени органа Одборот за акредитација (кој ги одобрува студиските програми) и Одборот за евалуација (кој го контролира квалитетот на одобрените акредитирани програми).

Се намалуваат мандатите на ректорите и деканите – од четири на три години. За деконцентрација на моќта на ректорите се воведува нов модел на нивниот избор – со непосредно гласање на професорите на факултетите и на институтите за предложените кандидати. За ограничување на моќта на министерот за образование и наука, пак, ќе се формира Национален совет за образование, наука и истражување, кој ќе преземе надлежности од министерот во сферата на високото образование.


Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка