17 Декември, 2025
0.0675

НА ШТО ДА ВНИМАВАТЕ КОГА УПЛАЌАТЕ ОДМОР

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2018 12:00

Добивај вести на Viber

Слика на луксузен хотел во каталог, објект во изградба во реалност, наместо климатизиран автобус превоз со тесно миникомбе, две- три парчиња салама и посен ручек претставени како богата шведска маса. Ова се само дел од незгодните ситуации при организираните туристички патување кои на летувалците им го превораат одморот во пекол. Летната сезона е на самиот почеток, па добро е годишноодморците да се запознаат со своите права при туристички патувања за да може навремено да реагираат и интервенираат ако не се задоволни од услугата.

Основно правило е се купува туристички аранжмани само од регистрирана туристичка агенција во Министерството за економија. Но, и тука треба да се отворат четири очи бидејќи во земјава работат дури повеќе од 550 агенции, од кои околу половината се со лиценца А, а другите поседуваат лиценца Б. Според законот, агенциите кои поседуваат лиценца А можат да бидат комплетни организатори на патувањата, а тие кои поседуваат лиценца Б само се посредници во продажбата на туристички патувања. Повеќето примери од минатите години со заглавени македонски туристи низ светот покажуваат дека и аранжман склучен со лиценцирана агенција не дава стоотстотна заштита од кошмарно летување.

Задолжително фискална сметка

Почнува сезоната на годишните одмори, а со тоа почнуваат да се зголемуваат непријатните ситуации меѓу туристичките агенции и македонските туристи. Златното правило при купување туристички аранжман е секогаш да се склучи договор во писмена форма, односно сето она што е ветено од страна на туристичкиот работник, или што е наведено во понудата, да биде вклучено и во договорот. Пред да склучите договор и да добиете потврда за патувањето, вообичаено е да пополните пријава за патувањето. Поголем број агенции бараат со пријавата да дадете одреден процент од цената на услугата (најчесто 25 отсто) со што се смета дека пријавата, пополнета од Ваша страна, е сериозна. Должни сте целата сума да ја доплатите пред поаѓањето, кога ќе бидат обезбедени сите документи со кои патувањето и престојот можат да се остварат.

На крај, задолжително земете фискална сметка за платената сума и чувајте ја до крајот на патувањето. Таа ќе ви затреба доколку сакате да ги остварите своите права кога сметате дека туристичката агенција не го испочитувала склучениот договор.

Организаторот на патувањето, односно агенцијата, одговара за секоја штета предизвикана од целосно или делумно неизвршување на обврските предвидени со договорот. Тоа значи дека организаторот одговара и во случај кога во ангажираниот хотел нема сместување и не може да најде алтернативно адекватно сместување, на пример, кога наместо апартман добивате соба со два кревета, но и кога превозникот нема доволен број на седишта за сите патници.

Пријава до Пазарен инспекторат

Во секој случај, организаторот е должен да понуди, без дополнително плаќање, адекватен алтернативен аранжман и во согласност со потрошувачот патувањето може да продолжи. Ако има разлика во цената помеѓу договорените и дадените услуги, организаторот е должен разликата да му ја надомести на потрошувачот.

Доколку понудениот алтернативен аранжман е неприфатлив или невозможен за клиенотот, организаторот е должен да обезбеди, без доплата, адекватно превозно средство и да го врати на местото на поаѓање или на друго договорено место.

Сите кои ќе искусат непријатност при организирано туристичко патување може да реагираат вонсудски и судски. Најпрво што треба да направат е да поднесат претставка во Државниот пазарен инспекторат, во рок од 8 дена за поднесување. Доколку инспекторите утврдат дека туристичката агенција ги прекршила потрошувачките права на граѓанинот, пазарните инспектори ја задолжуваат Агенцијата да постапи според предвиденото во договорот, а ако тоа не се исполни ќе следи забрана за вршење на дејноста. Исто така, граѓаните можат со тужба да поведат и судска постапка. Зависно од големината на штетата, казните за агенциите кои не го почитуваат Законот за туристичка дејност се движат од 1.000 до 3.000 евра.

Обврски на патниците

Патниците како што имаат права, имаат и обврски. Тие се должни да ја платат договорената цена, да ги достават податоците потребни за организирање на патувањето, секогаш да се појавуваат на означеното место, да соработуваат со водачите и за сите пропусти да го известат организаторот по писмен пат.

Нивна должност е да се грижат за личниот багаж, личните исправи, да ги исполнуваат условите предвидени со царинските, санитарните, монетарните и други административни прописи.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка