На учебната година и се ближи крајот, средношколците уште кампуваат пред МОН
Објавено во: Македонија 14 Мај, 2015
На оваа школска година полека и се ближи крајот за матурантите, а голем број средношколци се уште спијат во шатори, на отворено, барајќи исполнување на нивните барања.
Тие веќе втора недела кампуваат пред МОН, а еден месец не се во училишните клупи.
Министерството за образование и надлежните немаат слух за нивните проблеми, и не ги есапат, а полагањето на матура е за две недели.
[button color="red" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/05/14/dragi-zmijanats-megashi-ministerot-i-zamenikot-minister-za-obrazovanie-i-nauka-da-izlezat-od-kantselarijata-i-da-ja-preminat-ulitsata/" target="blank" ]Драги Змијанац, МЕЃАШИ: Министерот и неговиот заменик да излезат од канцеларија и да ја преминат улицата![/button]
„Да беа Абдулаким Адеми и Спиро Ристовски вистинските луѓе за овој ресор, ние сега ќе седевме пред книга и ќе се боревме за крајните оценки. Да им бевме важни, уште првиот ден ќе ни ги исполнеа барањата, кои се аргументирани, издржани и поддржани од над 18000 средношколци. Да се грижеа за нас, немаше во ваква кризна ситуација, каде сè се менува од час во час, да не остават надвор на улица, препуштени сами на себе.
Да сакаа да не слушнат, ќе го направеа тоа, затоа што ние сме гласни, а родителите, наставниците и студентите со своите пленуми стојат зад нас и нашите барања. Да сакаа, ама не сакаат. Само заборавија дека на крајот најупорниот секогаш победува“, велат од средношколскиот пленум.
Иако досега имаше три последователни средби помеѓу претставници на Средношколскиот пленум и МОН- истите завршија неуспешно. Според учениците, на средбите воопшто не станало збор за изнаоѓање на заеднички прифатливи решенија, туку само за намерата на одговорните учениците по секоја цена да се вратат на настава и да ги прифатат реформите, како и за последиците од нивните активности. Ова го утврди и мониторингот кој го направија од Канцеларијата на Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет и Меѓаши.
Првите луѓе во министерството и креатори на образовните политики, според Змијанац, треба да го препознаат овој потенцијал, да им одадат почит на средношколците и да ги земат сериозно предвид нивните идеи и иницијативи кои се изворни, автентични и се во нивен најдобар интерес. Учеството на средношколците во било кои одлуки кои ги засегаат нив се важни и неисклучиви. Затоа тој наведува, дека е невозможно било која одлука да се донесе без нивно учество, без консултативен процес на одлучување од страна на средношколците. Во спротивно вели тој, се јавува незадоволство, бунт и отпор па оттука непримерно и неприфатливо е да не се вклучат учениците во одлуки кои се од витална важност каков образовен ситем ќе имаме, дали истиот поттикнува активни граѓани и граѓанки. Учениците имаат право и обврска да бидат консултирани, да учествуваат, да креираат, да споделуваат и да градат заеднички образовни вредности и норми кои ќе ги исполнат нивните потреби и очекувања- нагласува директорот на Првата детска амбасада.
Некои професори пак велат дека проблемите кои ескалираа токму пред крајот на учебната година биле очекувани, бидејќи наставниците и стручната јавност претходно не беа вклучени во реформите.
Од 1 до 10 јуни матурантите треба да полагаат матура а школската година завршува на 20 мај.