Надлежните апелираат децата да се вакцинираат, родителите ги избегнуваат
Објавено во: Македонија 19 Април, 2015
Министерството за здравство од септември најавува построги мерки во училиштата и градинките кои ќе запишуваат деца без примени вакцини.
Од друга страна пак, група родители реагираат на ваквите мерки и ги сметаат како дискриминација и вознемирување.
Имено, надлежните велат дека вакцините се безбедни и дека во 350 илјади боцкања годишно во Македонија, има околу 30 до 40 илјади лесни несакани рекации. Вакцините кај некои деца предизвикуваат покачена темрепатура, оток на местото на боцкањето, вознемиреност, плачење.
„Обврска е секој родител да ги вакцинира детето. Затоа апелираме да ги вакцинираат и заштита од секакви заразни болести“, порачаа од Министерството за здравство.
- Во Македонија воопшто нема, ниту имало смртни случаи предизвикани од вакцини. Вакцините се безбедни, а реакциите што ги предизвикуваат, како секој друг лек, се очекувани и лесни – покачена температура, болка и оток на местото на апликација, вознемиреност, плачење нагласува Костовска.
Сепак процентот на имунизација во земјава бележи пад за околу еден до два отсто, но просечниот опфат се уште е околу 95 проценти.