15 Јануари, 2025
0.0295

Надлежните разгледуваат можност за авансна исплата на оштетените

Објавено во: Македонија 10 Август, 2016

Добивај вести на Viber

На синоќешната седница на Владата  било разговарано авансно да им се исплатат средствата на оштетените, а потоа од кога ќе се направат проценките да им се исплати целата сума. Ова го соопшти минситерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на новиот пункт на Црвениот крст во ОУ „Наум Наумовски Борче“ во Маџари заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. - Комисиите се веќе започнати да одат на терен. Се заклучи во наредните два дена да се направи план за да се испитаат можностите и да се провери колку средства се потребни за најоштетените, па потоа Министерството за финансии да даде предлог за  авансна исплата на средства. Очекуваме да се разработи конкретен прелдог и да започне авансната исплата на штетата, рече Спасов. Тој додаде дека на граѓаните  чии домови настрадаа во саботните поплави денеска ќе им бидат поделени 7.000 оброци. Од нив 2.000 ќе донира Министерството за здравство, 2.000 Црвениот крст, а 3.000 Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија. Спасов посочи дека екипите кои се справуваат со последиците од теренот денеска се многу подобро организирани. - Ситуацијата денеска е значително подобрена. Денеска е ден кога имаме најмногу работници и механизација на терен. Само во Стајковци има околу 1.000 работници кои работат на терен заедно со многу камиони, багери и скипери кои го рачистуваат теренот. Се направи детална распределба на 1.000 пумпи за испумпување на водата во подрумите кои пристигнаа во текот на вчерашниот ден, рече Спасов. Најави дека за денеска се очекува да има значително подобрување на проодноста на улиците кои беа најоштетени и да се започне со дезинфекција на објектите зафатени со поплавите.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира