06 Октомври, 2024
0.0359

Награда „Андреја Дамјанов“: Добитниците против промената на ликот на Скопје!

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Денеска во 20 часот во Музејот на Град Скопје ќе се отвори јубилејната изложба на архитектите добитници на престижната награда “Андреја Дамјанов”. Оваа награда за животно дело се доделува веќе 25 години, а ја имаат добиено 25 архитекти кои се членови на архитектонската Академија при Асоцијацијата на архитекти, а чии што  објекти се распространети низ цела Македонија. -Асоцијацијата на архитекти на Македонија го вреднува и негува архитектонското творештво, а исклучително ја почитува работата и улогата на оние кои создаваат архитектура. Оваа награда е значајна од две причини, како јубилеен и творечки чин. Прво, како јубилејна изложба на која се претставени 25 членови на АА, добитници на наградата за животно дело “Андреја Дамјанов“. Архитекти кои поставувале правилни прашања и давале правилни одговори.Второ, како визуелно сведоштво за нивното остварено дело и творечка сила. Со своите архитектонски интерпретации на човековата и општествената стварност создале еден висок критериум не само на практично, утилитарно ниво, туку и еден висок степен на уметничко остварување. Тие создале единствено опкружување каде центарот на архитектурата е човекот. Создале архитектура која не е убава претстава, туку е убава стварност. Секој од лауреатите оставил кај сите нас трага, создал слика, прва асоцијација воведувајќи ја архитектурата во теоријата, праксата, етиката и естетиката. Ја создале единствената архитектонска вистина – изградениот објект. Преку своите реализации докажале со практичен творечки ум, соработка на науката и уметноста како се создава архитектура со функција, содржина, композиција, форма, па и некој вид човечки идеал, вели Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Наградата “Андреја Дамјанов” се доделува еднаш годишно на видни архитекти кои со своето дело, опус и авторитет постигнале врвни резултати во полето на архитектонското проектирање, градителство и урбанизам и со тоа придонеле за афирмацијата на архитектурата како во Република Македонија така и во меѓународни рамки.Наградата е воспоставена во 1989 година, тогаш наградата ја добил архитектот Крум Томовски. На списокот на добитници на наградата Андреја Дамјанов во годините потоа се професор Борис Чипан,  Славко Брезовски, професор Петар Муличковски, Благоја Мицевски, Александар Серафимовски, Љубимка Маленкова, професор Живко Поповски, Драган Томовски, Радомир Лаловиќ, професор Михаил Токарев, Вера Ќосевска и други познати и врвни архитекти. Делата на архитектот Андреја Дамјанов кој творел во 19 век, по кого е насловена и наградата за животно дело, важат за бисери на сакралната архитектура на Балканот. Архитектот Дамјанов е градител на четириесетина цркви низ Балканот, од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина па се до Бугарија. За негово најзначајно дело се смета црквата Свети Пантелејмон во Велес. Архитектите велат дека Дамјанов бил градител кој умеел да воспостави синтеза помеѓу традиционални вредни трагови и нови, храбри визии и да создаде светилишта. Како гледаат на развојот на македонската архитектура дел од добитниците на наградата “Андреја Дамјанов”?  Минатата година наградата „Андреја Дамјанов“  за животно дело и  особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството, ја доби долгогодишниот архитект Вера Ќосевска.Творештвото и придонесот на Ќосевска во македонската архитектура, младите архитекти го сметаат за учебник во архитектонското проектирање. Нејзините дела датираат од 1953 годинa и се распространети низ цела Македонија. Во нејзиното работно портфолио има проектирано станбени згради, трговски центри, хотели, државни институции, цели комлекси. За современата архитектура се одлучила бидејќи се работи правец кој преферира чиста архитектура и без дополнителни украси. Во интервју за Фактор посветено на развојот на македонската aрхитектура,  Ќосевска изјави дека сегашната промена на фасадите во барокен стил, е непозната појава во архитектонската практика. Токму едно од архитектонските дела на Ќосевска, “Блок Москва” во центарот на Скопје односно министерството за правда, од неодамна доби нова барокна фасада. Да се “пресоблекува” и менува “лицето” на современи објекти изградени само пред 30-40 години, во “несоодветна облека” во духот на минатите векови, не е познато во архитектонската наука, изјави Ќосевска. -Кога бев викната на 19.VII.2012. година на состанок во Министерстворо за Правда, мислев дека ќе бараат од мене предлози за енергетската ефикасност на објектот, (во кој уште при проектирањето беше предвидена централната климатизација на целиот комплекс). Но, наместо тоа ми кажаа дека веќе имаат готов проект, кој ќе биде на уличната фасада дел од “барокниот” проект “Скопје -2014”. За тоа, се разбира немаше мојата согласност. Пресоблекување на уличните фасади на постојните објекти изградени во Скопје во втората половина од XX век, за мене е сосема непозната појава во архитектонската практика. Да се “пресоблекува” и менува “лицето” на современи објекти изградени само пред 30-40 години, во “несоодветна облека” во духот на минатите векови, не е познато во архитектонската наука. Новите објекти изградени во XXI век во стилот на минатите векови, односно во така наречен “барок”, е исто нешто непознато во архитектурата. Европските градови градени се во минатите векови со разни стилови кои биле карактеристика на неколку временски периоди. Денес во европската и светската архитектура тие стилови се убави, но припаѓаат на едно минато време кое треба да се почитува, но не да се копира во денешницата. Сега Европа и Светот создаваат архитектура достојна за восхит, благодарејќи на големиот напредок во технологијата на градењето и напредните сфаќања за архитектурата, изјави во интервју за Фактор, архитектот Вера Ќосевска. Македонската архитектура во втората половина на 90-тите години доживува  мала архитектонска експлозија. -Тогаш се проектираат и започнуваат да се градат голем број разновидни објекти, а преку проектите одново заживува истражувањето на нови можности во архитектурата, кои според својот архитектонски израз се движат од неорегионализам до реинтерпретација на пионерските движења на модерната.Но подоцна новите објекти ги пренатрупуваат старите градски квартови, чија инфраструктура има ограничени можности. На таков начин, настанува еден нов вид урбан хаос, што често предизвикува граѓанско незадоволство и немири. Како најнегативен пример од таа област во последната деценија на ХХ век се наведува Дебар Маало, посочува архитектот и еден од добитниците на наградата “Андреја Дамјанов”, архитектот проф.д-р Михаил Токарев, во својот труд насловен како “Историско-критички поглед на архитектурата”. Обновата и изградбата на новото Скопје, односно развојот на модерната архитектура го карактеризираат неколку фази. Скопје е град кој во историјата неколку пати бил погодуван од силни земјотреси, а во далечната 1689 година бил и запален од австрискиот генерал Силвио Пиколомини. Но, и по сите човечки и елементарни непогоди, градот повторно воскреснувал и се градел. И денес изградбата не запира, Скопје продолжува интензивно да се гради и проширува. Последниве неколку години, Скопје се преоблече во сосема ново руво-барокно. Со владиниот Проект Скопје 2014 фасадите на општествените и на дел од станбените објекти добија нови фасади во неокласицистички стил. Централното градско подрачје се надополни и со низа споменици. Овој архитектонски стил сеуште трае, а нови барокни фасади ќе добијат и дел од оние објекти изградени од познати реномирани автори, како на пример Градскиот трговски центар. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица