19 Декември, 2025
0.2872

Наградата за иднивидуален филантроп за 2013-та отиде во рацете на проф. д-р Ванчо Чифлиганец

Објавено во: Мои пари 30 Ноември, 2014 14:26

Добивај вести на Viber

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг ја доби Наградата за индивидуален филантроп за 2013-та година во Македонија од Центарот за институционален развој ЦИРа, што синоќа во Скопје ги додели традиционалните награди за филантропија и општествена одговорност, со кои им се оддава признание и благодарност на поединци и претпријатија за добрите дела за општестевото и се слави хуманоста и човекољубието.

За проф. д-р Ванчо Чифлиганец, наградата за филантроп на годината претставува сатисфакција, вистинска потврда и мотив за неговите долгогодишни ангажирања како поединец и преку градежната компанијата Адора Инженеринг на полето на општествената одговорност, грижата за другите, хуманоста и помагањето на граѓаните и пошироката заедница во Македонија.

„Филантропијата не е нешто што се учи и таа кај мене потекнува од солидарноста и помошта од страна на општеството, што самиот сум ги почувствувал и благодарение на што сум се образувал и развил професионално и како личност во животот. Поради тоа постојано и посветено, со љубов и позитивна енергија сакам да им помагам на другите и во рамките на моите можности да и возвратам на заедницата. Со долгорочните општествено одговорни проекти за вложувањата во сите општини каде Адора Инженеринг гради објекти, оставаме вредни и корисни дела, меѓу кои се православниот храм Свети Јован Крстител во општина Аеродром, Скопје и спомен-обележјето за Богојавление- Водици „Фаќач на крст“ во Балканскиот Ерусалим-Охрид, што годинава ги подарив на Македонија и на македонскиот народ. Се гордеам и со грижата за вработените, преку поддршка на нивното повисоко образование и организираната исхрана на градежните работници, на доделените студентски стипендии, на хуманитарните акции, на помошта за надминување елементарни непогоди, на поддршката на науката, образованието, културата и спортот и особено на грижата за купувачите за кои обезбедуваме докажаносигурно, економично и здраво домување. Мојата и наша корпоративна цел е заедно да изградиме поубаво, поздраво и посреќно место за живеење со попроспериотетна иднина за нас и идните генерации“. – изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец кој по добивањето на наградата за индивидуален филантроп за 2013-та во Македонија, најави формирање на своја фондација.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и градежната компанија Адора Инженеринг досега имаат добиено 12 национални награди за најдобри општествено одговорни практики и филантропја и три високи европски награди за успешно и квалитетно работење и за социјална одговорност.

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство