17 Декември, 2025
0.0622

Наградена 25-годишната определба за градење партнерски однос на Микросам АД

Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2014 11:43

Добивај вести на Viber

Микросам АД е добитник на статуетка за 2013 година во категоријата односи на пазарот. Проектот „Задоволството на купувачот е најголемо признание за успехот на компанијата“ награден од страна на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата, обединува практики и односи кои се дел од работната етика што се гради и подобрува секојдневно повеќе од две децении од страна на тимот вработени во Микросам АД. Како компанија која е извозно ориентирана и која има несериско производство на опрема, Микросам АД постојано инвестира во стандардите за однос кон купувачи и останатите општествено одговорни практики. На овој начин компанијата стекнува се поголема доверба на пазарот и се издигнува меѓу водечките производители на машини за композитни материјали во светот. Микросам АД во 2009 година, ја доби првата национална награда за проектот „Микросам-Академија за таленти“, што заедно со овогодинешното признание е уште една потврда за континуираната заложба од страна на компанијата во општествено одговорни практики, со што придонесува и за националниот интерес - Македонија да се промовира како земја во која има развиено врвни работни норми и поволна бизнис-клима да учествува во меѓународната трговија и да привлекува домашни и странски инвестиции, велат од компанијата. Микросам АД континуираната грижа кон своите купувачи ја докажува и преку организацијата на вториот семинар „Автоматизација во композитното производство“, кој заедно со Институтот за современи композити и роботика (СКР) за прв пат го организираа во 2012 година. “Семинарот покрива современи технологии за процесирање на композитни материјали и опфаќа теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел се состои од презентации во специфични области од индустријата, а практичниот од демонстрации на различни композитни технологии на машини инсталирани во лабораторијата на СКР - eдна од најсовремените од ваков вид во светот. На семинарот ќе присуствуваат професионалци (инженери, научници, професори) од земјата и странство кои ќе земат учество како предавачи и/или присутни, а голем дел од нив се наши тековни и потенцијални купувачи и соработници. Професионалната размена на искуства е уште една потврда за ориентацијата на компанијата и грижата кон деловните партнери”, велат од Микросам АД. Автоматско полагање влакна, автоматско полагање на лента, намотување на композити на комплексни делови, управување со машини инсталирани во просториите на Микросам и Институтот, прикажување на дел од производниот процес на машини, видео-демонстрации, предавања од светски високорангирани експерти во областа, споделување искуства… се само дел од темите и активностите опфатени со агендата на семинарот, закажан во периодот од 4-ти до 6-ти ноември на Институтот за современи композити и роботика во Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив