Награди за најдобрите млади тенисери од Фондацијата на Федерер
Објавено во: Мои пари 30 Септември, 2016 13:28
Петтa година по ред, во организација на Ротари клуб Скопје, на 01 и 02 октомври 2016 година ќе се одржи турнирот во тенис за млади.
Минатата година, учество во турнирот земаа 50-тина млади тенисери од повеќе тениски клубови од земјата, меѓу кои МТП, АС, Ѓорче Петров, Куманово и ЈУГ.
Имајќи предвид дека на првиот тениски турнир, силите ги одмеруваа 15 деца, на годинешниов, петти по ред турнир - веќе етаблиран традиционален настан, се очекува уште поголема заинтересираност.
Традиционално, турнирот ќе се одржи на тениските терени на Клубот МТП во Скопје.
Терените на клубот се наоѓаат веднаш до гимназијата Ѓорги Димитров.
Почетокот е во 10.30 часот на 1 октомври, а во 11.00 часот 02 октомври. Турнирот ќе се одвива во две категории: - за деца до 11 години - за деца до 12 години
Ротари клуб Скопје и Фондацијата на Федерер ќе обезбедат награди за најдобрите учесници во двете категории.
За сите заинтересирани сеуште постои можност за пријавување на телефон: +389 78 398 767
или на Facebook страницата на Ротари клуб Скопје:
https://www.facebook.com/RotaryClubSkopje
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




