17 Декември, 2025
0.0529

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА СТАНУВА „БЕЗДОМНИК“ - судот им ја конфискуваше Белата палата

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2022 15:44

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер во азил во Унгарија Никола Груевски и некогашниот партиски генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски се прогласени за виновни за незаконска изградба на новото партиско седиште на ВМРО ДПМНЕ и незаконски наплатиле пари од скопската фирма Бетон, со чии пари купиле недвижен имот. 

Вака денеска пресуди Кривичниот суд во предметот Талир 2.

Инаку, судот пресуди и конфискација на партиското седиште кое е изградено со спорната зделка, а за која беше отворен кривичниот предмет. Белата палата како резултат на кривично дело се одзема од партијата поради правната одредба од член 97 на Кривичниот законик, а таа гласи: „Никој не може да ја задржи непосредната и посредната корист прибавена со кривично дело.“

Судот му одредени казна затвор од шест години на првообвинетиот поранешен премиер и партиски претседател кој е во бегство, Никола Груевски, додека на второобвинетиот поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски му одреди условна казна затвор од две години. Тие незаконски, со злоупотреба на положба за партијата ВМРО-ДПМНЕ прибавиле нов објект вреден 7 милиони евра и дополнителни 2 милиони евра со кои купиле дополнителен недвижен имот. Десетина партиски канцеларии купени после тој период низ цела Македонија исто така се конфискувани со првостепената пресуда.

Судијката Даниела Алексовска Стојановска по пресудата порача дека во конкретниот случај обвинетите како одговорни лица од највисок ранг во политичката партија се издигнале над законот.

Судијката Алексовска-Стојановска ја образложуваше пресудата скоро два часа. Според неа, колективните тела на партијата ВМРО-ДПМНЕ ги спроведувале личните одлуки на Никола Груевски, а во тоа по задача се вклучил и второобвинетиот Кирил Божиновски. Според образложението, тоа го потврдиле и сведоците во своите изјави.

Груевски и Божиновски презеле дејства за да остварат противправна корист за партијата, иако тоа е целосно спротивно од законот за политички партии. Судијката Даниела Алексовска-Стојановска рече дека партиските органи биле само покритие, не учествувале во одредувањето на процентите во новата градба на проширеното место на старото седиште, туку само формално одобрувале. Постапката била само привидно правно валидна.

„Сѐ произлегуваше од моќта на политичката партија“, рече судијката за кривичното дело кое се одвивало од јули 2012 до август 2016 година. Според пресудата ВМРО-ДПМНЕ го добила новото седиште спротивно на законот, со договор со „Бетон“ кој бил во голема мерка корумпиран, затоа што градежната компанија во тие години дури 75 отсто од нејзините активности ги остварувала во зделки од јавни државни тендери. Освен што бил несразмерен процентот во заедничкиот договор за изградба на хотел и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, „Бетон“ во неколку наврати потоа ѝ исплатил на партијата 132,5 милиони денари (2,1 милион евра) кои потоа биле искористени за купување на недвижен имот во повеќе градови во државава.

Можеби ќе ве интересира

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал