Најмладите во одбрана на паркот во Тафталиџе
Објавено во: Македонија 21 Август, 2016
Жители од скопската населба Тафталиџе веќе неколку месеци наназад се спроивставуваат на најавата на локалната власт за градење петкатница на местото на паркот.
Тие се противат на одлуката на градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски кој им најавил измени во деталниот урбаниситчки план. Загрижени се дека со изградбата на две улици околу пазарот Тафталиџе ќе се уништи зеленилото и најавија дека ако треба и со жив штит ќе го бранат паркот.
Денеска во овој парк е организиран целодневен пикник а граѓани соопштија дека од утре ќе побараат Советот на општината да овозможи месен референдум со цел да се докаже дека граѓаните тука не би сакале уште една зграда.
Тие неколку пати успеаа со жив штит да ги спречат работниците со механизација да отпочнат со изградбата, и дури се организирани во дежурства и внимаваат во смени да не никне нова петокатница.
Граѓаните прашуваат зошто новиот дуп не предвидува градинка, парк или пак училиште, место комерцијални и станбени објекти.
Доколку советниците ги изглесаат овие измени, повеќе од осумстовни жители ќе го загубат мирот. Едната улица ќе се протега од партизанска меѓу зградите и ќе излегува на улицата Варшавска, а еден крак ќе води до улицата Лондонска за што ќе биде потребно да се унитшат парковите меѓу зградите.
ОПШТИНАТА ТВРДИ ДЕКА ДУПОТ Е ЗАКОНСКИ ДОНЕСЕН УШТЕ ПРЕД 13 ГОДИНИ
Од општината пак велат дека го разбираат револтот на граѓаните, но го сметаат за неоправдан.
Велат оти се работи за станбено колективна зграда , објект кој ќе го гради јавното претријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.
„Станува збор за објект кој има маркица веќе 13 години. Во 2003 година со деталниот урбанистички план на тоа земјиште е исцртана маркица со намена домување . Тогаш ДУП-от се викаше за Тафталиџе 1-Јужен дел. Во 2012 се проширува мал дел , се носи нов проширен урбанистички план за Тафталиџе Север Југ така што повторно се потврдува таа зграда со намена за домување и истата година во декември 2012 генералниот урбанистички план на Град Скопје повторно ја потврдува намената дека на таа градежна парцела ќе има домување“, изјави за фактор Вики Цветковска од општина Карпош, дополнувајќи дека и во 2016 со тој ДУП објектот се потврдува уште еднаш .
Од општината исто така посочуваат дека во овој случај градежната дозвола не може да се одземе, може само да се корегира.
„Мора да се почитуваат законите, а законите велат еднаш утврдена намена за градење, не може да ја поништиш, ниту да ја намалиш, може да се доградува, надградува меѓутоа никако да се поништи. Освен ако постои некоја виша сила на тоа место да се открие некој археолошки локалитет или нешто од извонредно значење тогаш може да се смени“.