Најубавите македонски девојки во акција!
Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2014 09:44
Успешна хуманитарна акција на Гуте Фрухте и Црвениот крст
Насмеани лица, добра забава, згодни девојки и многу хуманост го одбележаа овој викенд во спортскиот центар Форца. Гуте Фрухте во соработка со Црвениот Крст на Македонија направија извонреден настан кој ќе се памети. Се одржа првиот хуманитарен турнир во одбојка на плажа на кој учествуваа познати девојки од јавната сцена меѓу кои Марјана Станојковска, Ана Стојановска, Ивана Илиевска, Бона Пауновска, Флора Шабани, заедно со едни од најдобрите и најзгодни одбојкарки во Македонија, а "тешката" задача да биде судија ја имаше Жаре од ток шоуто „Еден на Еден“.
Гуте Фрухте донираа речиси еден тон сокови од нивниот асортиман за социјално загрозени семејства, а пред почетокот на турнирот го објавија почетокот на седуммесечниот проект “Создаваме Заедно” кој го прави заедно со Црвениот Крст на град Скопје и кој е наменет за слепите и слабовидни лица.
Од Гуте Фрухте ги повикаа и другите компании да го следат нивниот пример и на дело да се покажат со вакви хумани активности. Во меѓувреме, за нив оди едно големо БРАВО, а за вас препорака веднаш да ги пробате одличните сокови на Гуте Фрухте доколку сеуште не сте го сториле тоа.
На сите инволвирани Гуте Фрухте им се заблагодарува за учеството од свое и од име на Црвениот Крст.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив










