Наместо да и помогнат, ја намамиле и се обиделе да ја силуваат
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2016
Жена од Струмица која била во потрага по нејзиниот поранешен сопруг била намамена од две момчиња од Босилево кои тврдела дека знаат каде е тој. Ја одвеле на местото наречено Трските и сексуално ја нападнале.
Кога жената почнала да се спротиставува и да вика, напаѓачот со рака ѝ ја затворил устата, а потоа почнал да ја удира со шлаканици. За среќа на нападнатата, другото лице најверојатно се премислило и си заминало, но напаѓачот продолжил со обидите да ѝ ја соблече облеката.
Жената успеала да се истргне и да побегне, по што случајот го пријавила во полицијата, чии службеници извршиле увид на местото на инцидентот.
Напаѓачите потоа се пронајдени и приведени од полицијата која им поднесе кривични пријави. Станува збор за 18 и 15 годишни момчиња од селото Босилево.