16 Јануари, 2025
0.0290

Наместо на излет, илјадници работници на протести во Скопје

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Во главниот град денеска, на денот на трудот , имаше два протести.

Додека многумина уживаа на сончевото време, илјадници работници излегоа на протест.

Над две илјади членови на синдикални организации, левичарски здруженија и невладини организации, новинари, уметници, граѓански активисти, административци, членови на Синдикатот на УПОЗ и МЕССО коишто се под закрила на Сојузот на синдикатите на Македонија, како и Конфедерацијата на синдикални организации, којашто опфаќа независни синдикалци, со свирчиња, мегафони, сирени и многубројни транспаренти меѓу коишто се истакнуваа „Груевски: Земам од сиромаси давам на богати!“, „Сите политичари излегуваат од народот, но никако да се вратат!“, денес протестираа на најмасовниот првомајски марш последните неколку години, организиран во одбрана на работничките права.

“Со почетокот на оваа година, започна примената на новиот Закон за административни службеници и Законот за судска служба. Рестриктивните одредби кои ги имаат овие два закона предизвикаа огромен револт кај вработените во администрацијата и во судската служба и се погласни се повиците за бојкот, протести и штрајк“, соопштуваат од УПОЗ.

Првиот човек на овој сидикат, Пеце Грујовски во емисијата “Тренд“ на 24 Вести изјави  дека токму овие два закони содржат бројни решенија кои не само што не можат да се применат, туку се и нелогични, како она дека 5% од вработените во администрацијата мора да бидат казнети, а од друга страна пак законот не превидува оценување на работата, на пример, на раководителите.

“Со новиот закон за администрација, со една негативна оцека ќе се изгуби работносто место, тоа го нема никаде. На ваков начин се остава можност за субјекти.

Протестите беа организирани под мотото “Не бидете опушени зошто можете да бидете отпушени“. Освен Синдикатот на УПОЗ, протестите беа поддржани и од други сидикати, меѓу кои Самостојниот синдикат на новинари, Синдикатот на култура, Конфедерација на синдикални организации, Сидикат на дипломатската служба, како и неколку невладини организации како левичарското задружение “Ленка“ и “Солидарност“.

“Во време кога има огромно социјално незадоволство, кога низ помалите градови се штрајкува, раководството на ССМ повеќе е преокупирано со нестатутарно избирање и зачувување на привилегиите, отколку со вистински интерес за решавање на работничките права. Па така, во очи на 1 Мај тие остануваат глуви и за сoцијалните и за работничките проблеми и за престојниот протест“, вели Дејан Лутовски од движењето „Ленка“.

Потписниците на Повелбата за солидарност сметаат дека причина за незадоволство има а таа, меѓудргото, се лоцира и експресните измени на законските решенија кои директно ги засегаат работничките права и често се на нивна штета.

„Работничките права се кршат секојдневно, невработените се бришат од евиденција наместо да им се најде работа, класните разлики станаа највисоки во Европа, власта целосно ја деградира социјалната држава, а политичките елити манипулираат и го ограбуваат народот“, соопштија од Повелбата.

(Фото: Алсат-М)

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира