Наскоро праќање пари преку Фејсбук
Објавено во: Мои пари 18 Март, 2015 20:48
„Facebook Messenger“ апликацијата наското ќе дозволи покрај лајковите, пријателите на таа социјална мрежа да си праќаат и пари.
„Денес ја додаваме оваа нова функција која на луѓето ќе им понуди згоден и безбеден начин да праќаат или примаат пари“, стои во соопштението на оваа компанија.
Оваа функција прво ќе им биде достапна на корисниците во наредните неколку месеци во САД, но исто така може да се очекува и во остатокот од светот.
За да ги примат парите ќе треба да кликнат на новата „$“ иконка која се наоѓа покрај копчето за праќање фотографии и стикери.
Потоа потребно е само да се внесе износот, да се притисне копчето „pay“ (плати) во горниот десен агол и да се внесе бројот на кредитната картичка.
За да се уверат додатно корисницте во безбедноста на овие трансакции, Фејсбук нагласил како секој ден на својот сајт процесира повеќе од милион финансиски трансакции кои им одат на огласувачите и сите оние кои играат онлајн игри.
Системите за плаќање се одделени од другите делови на мрежата Фејсбук и додатно се контролираат и следат.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




