Наскоро со еден билет и во приватен и во државен автобус
Објавено во: Македонија 01 Јули, 2015
Нов систем за наплата наскоро ќе има меѓу ЈСП и приватните автобуси.
Наскоро нема да мора да чекате државен или приватен автобус за да отидете до одредено место во град Скопје туку билетот ќе ви важи за сите автобуси.
Ова се новитети кои ќе се дискутираат на некоја од следните седници на град Скопје.
Советниците за Вест весникот кој ја објави оваа информација велат дека на приватните превозници ќе им се плаќа по изминат километар а системот за следење ќе овозможи да нема злоупотреби во текот на возењето.
За да се применат овие Законски измени потребно е сите чинители да го почитуваат возниот ред и собирањето на патниците.