08 Ноември, 2024
0.0304

НАТАЛИТЕТ: Каде најмногу „коси“ белата чума?

Објавено во: Македонија 01 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Драстично се намалува населението во Охрид, може да се забележи од податоците кои ги објави Државниот завод за статистика.

Во последното тромесечје од 2018 година, овој град имал највисок негативен прираст на населението, односно бројот на починати е за 75 поголем од бројот на родени. Зад него, е Прилеп, каде прирастот е -68. -29 е прирастот во Пробиштип, -22 во Ресен, -21 во Свети Николе, -16 во Старо Нагоричане, -12 во Чешиново - Облешево, -11 во Штип, во Кичево -23, во Крушево -14, Кочани -25, Маврово - Ростуша -6, Македонски Брод -22, Могила -16, Јегуновце -12, Делчево -23, и други.

Ова покажува дека во едни исти општини бројот на родени опаѓа постојано. Македонија ќе стане земја на старци во годините кои доаѓаат.

Во македонскиот бисер, Охрид, граѓаните велат дека наталитетот опаѓа поради иселувањето на младите.

„Само иселувањето е фактор, друго ништо и затоа има толку малку родени деца. Кај нас туристичката сезона е кратка, два месеци трае, и од туризам не може да се живее. Луѓето бегаат, најчесто за Германија или Америка, кој каде ќе се снајде, каде има роднини, пријатели. Познавам многу луѓе во моето опкружување кои се иселија“, вели жителка на Охрид.

Славица М. од Прилеп објаснува дека малите плати не дозволуваат семејствата да се прошират. Додава дека во нејзиниот град, во приватен сектор повеќето работници земаат минималец.

„Финансиите не даваат можност за одгледување повеќе деца. Со 12.000 денари не може да живее едно четиричлено семејство. Јас и мојот сопруг земаме минималец, значи двајцата немаме примања колку просекот во земјава. Плус, во градинките нема место за згрижување на сите деца. Како тој родител ќе оди на работа кога нема кој да му го чува детето? Сите тие работи се поврзани во еден круг. Современиот начин на живот е поинаков од порано кога луѓето живееле на село и чувале повеќе деца. Тоа денес го нема“, вели таа.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 5.0 % и изнесува 5 597 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2018 година бележи зголемување од 9.1 % во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 5 405 лицa, а од нив 48 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 192, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Сања Атанасовска

фото printerest

Можеби ќе ве интересира

И ДКСК БАРА ИСТРАГА ЗА ПАРИТЕ КОИ ГИ ТРОШЕШЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА: посочуваат оти на службено патување „биле потрошени средства за приватни цели“

И ДКСК БАРА ИСТРАГА ЗА ПАРИТЕ КОИ ГИ ТРОШЕШЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА: посочуваат оти на службено патување „биле потрошени средства за приватни цели“

Почина Тахир Хани, функционерот на ДУИ

Почина Тахир Хани, функционерот на ДУИ

ЗA ТЕБЕ ШИПО КУРШУМ ВО ГЛАВА: Вицепремиерот Фетаи пријави закана преку мејл

ЗA ТЕБЕ ШИПО КУРШУМ ВО ГЛАВА: Вицепремиерот Фетаи пријави закана преку мејл

КУНОВСКА РАСПАЛИ ЗА СДСМ: Евентуални парламентарни избори заедно со локалните ќе го докрајчат и тоа малку што е останато

КУНОВСКА РАСПАЛИ ЗА СДСМ: Евентуални парламентарни избори заедно со локалните ќе го докрајчат и тоа малку што е останато

„ДОКАЗИТЕ СЕ ДОСТА ОБЕМНИ“: Тошковски најави нови апсења благодарение на апликацијата SKY која ја користеле криминалните групи

„ДОКАЗИТЕ СЕ ДОСТА ОБЕМНИ“: Тошковски најави нови апсења благодарение на апликацијата SKY која ја користеле криминалните групи

ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ОСТАНА БЕЗ ВРВНА ПРОФЕСОРКА: Почина д-р Наде Проева, предаваше предмети поврзани со античка историја

ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ОСТАНА БЕЗ ВРВНА ПРОФЕСОРКА: Почина д-р Наде Проева, предаваше предмети поврзани со античка историја

ЕВЕ КОГА ПОЧНУВА СО РАБОТА „СЕЈФ СИТИ“: Возачите да се подготват, никој нема да биде поштеден

ЕВЕ КОГА ПОЧНУВА СО РАБОТА „СЕЈФ СИТИ“: Возачите да се подготват, никој нема да биде поштеден

„ЖИВЕЕМЕ ВО ВРЕМЕ НА НОВА ЕПИДЕМИЈА“: Проблемот со незаразните болести бара итни промени

„ЖИВЕЕМЕ ВО ВРЕМЕ НА НОВА ЕПИДЕМИЈА“: Проблемот со незаразните болести бара итни промени

НЕ ОЧЕКУВА СОСЕМА ПОИНАКВА ЗИМА: Можно е да го почувствуваме студот од деведесетите години, ќе има многу снегови, снежни невремиња и есктремни ниски температури

НЕ ОЧЕКУВА СОСЕМА ПОИНАКВА ЗИМА: Можно е да го почувствуваме студот од деведесетите години, ќе има многу снегови, снежни невремиња и есктремни ниски температури