Научниците се посигурни: На Марс некогаш имало живот!
Објавено во: Мои пари 09 Јануари, 2015 17:17
Доказите дека на Марс постоел живот продолжуваат да се множат. Само неколку недели откако „Curisity“ го откри метанот во атмосферата на „Црвената планета“, еден од најпознатите американски геолози тврди дека воочил потенцијални трагови на живот на фотографиите кои ги забележила НАСА.
Можеме да ги детектираме седименталните структури во карпите на Марс користејќи фотографии кои ги направил „ровер“ - вели др. Нора Нофка, професор на Олд Доминион универзитетот во САД.
-Структурите кои ги споменав припаѓаат на група микробиолошки битиа кои се формираат, т.е продлжуваат да настануваат во песокот-се надоврзува Нофка.
Со други зборови, доколку таквите структури навистина постојат на Марс, тоа укажува дека на планетата некогаш постоел одреден облик на живот. Професорката тврди дека тие микроби живееле на Марс пред повеќе од 3 милијарди години.
Во своето истражување Нофка ги споредила фотографиите на карпи од Марс и од Земјата на кои е забележано присуство на микроби, кои живеат во т.н. „ореви“
„Оревите“ се создадени од трилиони и трилиони микроби кои настануваат на дното на реката, морето и океаните, т.е во песокот кој се наоѓа на дното - вели Нора Нофка и додава дека сличноста помеѓу карпите на Марс и Земјата е неверојатна, што со право и дава надеж да верува дека на Марс навистина има некој облик на живот.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




