05 Мај, 2024
0.0288

НЕ ЧЕКАЈТЕ: На овие земји итно им требаат сезонски работници!

Објавено во: Мои пари 28 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Грција, Австралија,Финска, Канада, Нов Зеланд, Австрија ... имаат недостиг од работна сила и бараат сезонски работници.

Доколку сакате да ја подобрите вашата финансиска состојба и планиравте да заминете во странство по подобри услови каде трудот ќе ви биде платен, погледнете ги огласите кои ви ги нудиме подолу па одлучете се во која земја ќе се упатите.

ЕВЕ ШАНСА: Австралија бара работници, од столари до архитекти!

Австралиското Министерство за имиграција и гранична заштита изададе нова листа на занимања кои им се потребни за 2016-2017 година, а за кои може да се пријавите. Оваа листа ќе стапи на сила од 1 јули 2016 година и се однесува на оние кои ќе аплицираат за виза.

Во таа група спаѓаат работни визи: постојана престојна виза за стручни работници, привремени визи-во траење од 4 години во кои работниците би работеле во одредени подрачја за да би можеле да аплицираат потоа за постојана виза, привремена виза за дипломирани-живот и работа во Австралија после завршување на студиите.

Меѓу занимањата кои се бараат, се менаџери на проекти, индустриски инжинери, инжериз за агрокултура, биомедицински инжењери, наутички архитекти, шумари, ветеринари, наставници, педијатир, невролози, ревматолози, физијатри, хирурзи, медицински сестри, ѕидари, столари, електричари социјални работници, психотерапевти..

ФИНСКА

Во оваа европска земја познати се берачите на јагоди.

И годинава имаат потреба од работници а пријавувањата почнаа.

Сезоната на берба трае од половината на јули до крајот на август, затоа ние ви предлагаме доколку сте заинтересирани да аплицирате додека е порано.

Еве неколку адреси каде да аплицирате:

Farma Astikkalan Marjatila Adresa  Astikkalantie 8  59800 Kesälahti Telefon +358 50 5179771 http://www.astikkalanmarjatila.fi/ Email rekry@astikkalanmarjatila.fi

Farma Anttilan marjatila http://www.anttilan.tk/ Telefon 041-5437790 ili +358 9 2566272 Email anttilanmarjatila@gmail.com Marjaraitti 36  02510 Kirkkonummi

Farma Ainankallion mansikkatila

https://www.facebook.com/ainankallio

Telefon  0405765194 Kontakt forma na linku http://www.ainankallio.fi/index_tiedostot/Page347.htm Adresa Puharinpellontie 45  16900 Lammi Vlasnici Aki i Virpi Pelkonen

Повеќе за работата во Фрнска прочитајте на линкот долу:

АПЛИЦИРАЈТЕ: Сезонска работа во Финска 2016 – Берење јагоди!

НОВ ЗЕЛАНД

И додека сите трчаат во Америка, Канада и Австралија, Нов Зеланд чезнее за странски работници, бидејќи оваа земја е во силен економски раст.

Берба на јаболка

Во Нов Зеланд наскоро почнува бербата на грозје, јаболки и киви а произведувачите и оваа година се соочуваат со проблемот од недостиг на сезонски работници.

Овоштарите се жалат дека бројот на сезонски работници никогаш не бил помал во последните пет години, а проблемот во наредните години би можел да се зголеми. Затоа ако оваа работа ви изгледа примамлива читајте детали долу во линкот.

Берба на јаболки во Нов Зеланд: Им недостигаат сезонски работници, дневница 150 евра!

Градежништвото е професија за која е потребен најголем број на работници, а следат здравствените работници и информатичарите и инжиниерите.

Ако сте одлучни трајно да живеете во Нов Зеланд ова се некои од основните начини за остварување на таа цел.

Пред се постои категоријата „квалификуван мигрант“, а се однесува на луѓето кои поседуваат квалификации и знаења од области во кои на Нов Зеланд му недостига работна сила.

За да го стекне овој статус, апликантот треба да има помалку од 55 години, да има добро здравје и карактер и да зборува англиски јазик.

Прв чекор е пополнување на изјава на заинтересираност, која се праќа до Имиграционата служба при Министерството за економија, иновации и вработување во Нов Зеланд. Тука се наведуваат деталните податоци за апликантот, неговите вештини, семејство. На сајтот на оваа служба постојат упатства за оваа изјава.

Врз основа на изјавата кандидатот ќе биде бодиран, и ако освои доволен број на бодови се повикува да аплицира за работа во оваа земја.

Друг начин да работите во оваа земја е преку „Од Работа до престој“. Оваа опција дозволува преку привремена работна виза да добиете на крај и траен престој.

Подносителите на барања може да бидат квалификувани за занимања кои се бараат на Нов Зеланд или може да имаат специјални таленти во спортот или уметноста.

Но, и за овој статус постојат многу квалификации кои мора да ги исполните.

Ако сакате полесно да најдете работа таму прочитајте ги деталите на линкот долу.

Работа и живот во Нов Зеланд? Зошто да не! – Како најлесно да најдете работа таму!

ГЕРМАНИЈА

Оваа земја е најчесто на мета кај младите . Сепак и таму никогаш доста од работници.

На огласот за бравари од пред некој ден се нуди плата до 2500 евра за месец дена.

Неделно се работи 35 часа, а е платен и патот до Германија па дури и здравствено и пензиско осигурување.

Германците плачат за бравари, што го докажуваат и хрватските портали за вработување кои ги објавиле понудите кои е тешко да се одбијат.

Подетално за сезонска работа во оваа земја читајте на линкот долу.

ГЕРМАНЦИТЕ ПЛАЧАТ ЗА ОВИЕ РАБОТНИЦИ: Дојдете, платен пат и плата од 2500 евра!

АВСТРИЈА

Македонците често заминуваат во оваа земја.

За 2016 година, австриското министерство за труд ја објави листата на дефицитарни кадри кои ги пофаќаат следните професии.

Се бараат

– Високо квалификувани техничари (инженери со високо образование или V степен) во областа на машинството – Кровопокривачи – Дипломирани машински инженери – Високо квалификувани техничари (инженери со високо образование или V степен) во областа на електротехниката – Дипломирани инженери по електротехника – Дипломирани медицински техничари/сестри и медицински сестри/техничари со виша школа.

За сите професии за 2016 година барањата за црвено-бело-црвени карти треба да бидат доставени до 5 ноември 2016 година.

РАБОТА ВО АВСТРИЈА: Еве ја листата на најбарани професии во 2016-та

Повеќе информации можете да најдете и да аплицирате ТУКА.

КАНАДА

Оваа ветена земја отсекогаш била привлечна и позната по берењето на овошки. Годинава тамошните произведувачи стравуваат од голем недостиг на сезонски работници.

Веројатно повеќето од вас ги интересеира кои професии се најбарани и колкави се платите. Најдобро се платени работниците кои се вработени во нафтената индустрија, медицинарите, како и луѓето кои работат работи поврзани за телекомуникациите. Од друга страна, најслабо платени се оние кои работат во продавници во малопродажба.

Дознаjте нешто повеќе за иселеничка виза за во Канада

Просечната плата во Канада се движи помеѓу 3000 и 3700 евра на месечно ниво. Најниска плата имаат куќните помошнички и честачки и тоа околу 1600 евра.

Луѓето кои работат во областа на сообраќајот месечно заработуваат околу 2200 евра, а за околу 100 евра повеќе од нив имаат оние кои се занимаваат со услужни дејности. Графичките дизајнери заработуваат околу 2600 евра месечно, а правниците околу 2750 евра.

За канадска виза аплицирајте ТУКА.

ГРЦИЈА

Нашиот јужен сосед честопати бара сезонски работници од Македонија.

Во текот на летната сезона голем број на наши сограѓани се ангажираат на сезонски работи во соседна Грција, и засега ретки се случаите кога некој се пожалил на невремена исплата на заработката или слични проблеми.

Услови

Се што треба е да има пасош од некоја европска земја (може бугарски) и да знаете англиски јазик, а платите се движат и до 1000 евра во традиционалните грччки ресторани. Обезбедно е сместување и храна.

Огласи

*Потребна е жена за работа на грчкиот остров Антипарос во грчки традиционални ресторани

*Се бара девојка за работа на островот Самос во Бич бар. Задолжително познавање на англиски и делумно грчки јазик.

*Потребна е жена на возраст до 35 години за работа на Крит (Хераклион) за чистење на соби, помош во кујна… Сместување и храна обезбедни.

Плата 600 евра.

*Потребна е жена за работа во супермаркет на островот Крф. Се што треба е да знаете англиски јазик и делумно грчки.

Задолжителен ЕУ пасош а платата се движи околу 800 евра.

*Потребна е девојка на возраст околу 30 години за продажба на сувенири на островот Крф. Плата  650 евра, со сместување и храна обезбедни.

Покрај овие огласи се бараат и девојки за работа во спа центар како и за чување на дете.

Повеќе огласи, информации и како да аплицирате погледнете и прашајте ОВДЕ!

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ