16 Јануари, 2025
0.0257

Неправилности, медиумски бојкот, расипани лифтови = 34,55%!

Објавено во: Македонија 26 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Одзивот на гласачите до 17 часот е 34,55%, според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите до 17 часот е 34,55%. Инаку, според потврдените информации, добиени од набљудувачите и мобилните тимови на МОСТ, досега се забележани следните неколку неправилности на гласачките места: На ГМ 2830 на ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“ едно лице се претставило како набљудувач, но со себе не носело беџ, туку само копија од овластувањето од општинската изборна комисија. Лицето се уште е присутно на гласачкото место, иако со себе не ги носи сите документи потребни за набљудување на процесот. Граѓаните на гласачките места во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ кои не можеа да се пронајдат на Избирачкиот список биле упатени во општинска изборна комисија – Центар, по што еден од нив бил пронајден во Избирачкиот список за граѓани со привремен престој во странство од ГМ 2847. Истиот се упатил на соодветното ГМ и го остварил своето право на глас. Во текот на денот отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080 на која граѓаните ќе можат да пријават евентуални нерегуларности. Цивил: МРТВ не известува Невладината „Цивил“ пак која го надгледува спроведувањето на референдумот во Општина Центар за изгледот на ГТЦ соопштува дека МРТВ и медиумите кои се под контрола на власта го бојкотираат референдумот, а исто така соопштуваа дека регистрирале и други неправилности во текот на гласањето. „Со разочарување можеме да констатираме дека огромен дел од приватните медиуми кои се под контрола на власта, целосно го игнорираат референдумот. Ако тоа и може да се објасни со ставот на власта, кој е негативен во однос на овој референдум и неговото спроведување, начинот на кој МРТ го бојкотира референдумот е целосно неприфатлив. Забележавме дека јавниот сервис МРТ не ја остварува ни денеска, на денот на гласање за Референдумот, својата улога, доделена со законите и статутот на МРТ“, велат од Цивил. Според нив, спроведувањето на референдумот се одвива во релативно мирна атмосфера, но дека сепак, се забележуваат огромни проблеми со Избирачкиот список, со што на гласачите им се ускратува правото на глас. Голем број гласачи се откажаа од гласање поради лавиринтот во кој се наоѓаат, затоа што не можат да се најдат на списокот. Воедно, набљудувачите на ЦИВИЛ забележаа и низа други нерегуларности во текот на гласањето. Блокирани лифтови Граѓаните, жители на Центар реагираат поради блокирани лифтови во нивните згради. Револтирани велат, некој се обидува да го повтори сценариото на локалните избори, кога во Капиштец беа исклучени повеќе лифтови. Откако претпладне беа исклучени лифтовите на улицата Филип Втори Македонски и во Капиштец, кога жителите на Центар се подготвуваа да излезат на референдумот за ГТЦ, попладне не работеле лифтовите во зградите спроти Католичката црква. За ова јави Центар њуз, истакнувајќи дека видеото го направиле по повик од граѓанин кој живее во една од тие згради во Центар. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=qAAvdqZBbBY[/embed] Гласаа дел од партиските лидери, не и Иванов

Поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ и актуелен претседател на ВМРО Народна Љубчо Георгиевски го искористи своето право на глас за референдумот за ГТЦ во општина Центар. Од политичарите со адреси во општина Центар засега гласаа само Георгиевски и Жерновски, јави тв Нова.

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов чија адреса на живеење е во општина Центар се уште не е излезен да гласа на првиот локален референдум. Тој во моментов е во манастирот Св. Јован Бигорски на осветување на конаци. Во општина Центар живеат и поголем дел од министрите во владата и други државни функционери.

   

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира