17 Декември, 2025
0.0592

НЕ ЗНАЕВ ТОЧНО КАДЕ Е МАРИБОР, НЕ РАЗБИРАВ СЛОВЕНЕЧКИ: Емилија Стојменова на 16 години заминала од Виница, сега е министерка за дигитализација

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2022 08:04

Добивај вести на Viber

Таа е професорка на Електротехничкиот факултет во Љубљана, основач и директор на мрежата FabLab Slovenia и Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia. Од неодамна именувана заминистерка за дигитализација во новата словенечка владана новиот премиер Роберт Голоб. Емилија Стојменова Дух е активна во иницијативата за „паметни села“ поддржана од Европската комисија и Европскиот парламент. Стојменова-Дух ја претставува Словенија во мултирегионален проект на Стејт департментот кој избра 50 жени од целиот свет кои се на важни позиции во науката, технологијата и математиката.

*Како патот ве однесе во Словенија – раскажете ни ја вашата приказна

-Родена сум во источна Македонија и пораснав во Виница. За тие што никогаш не биле во Виница – задолжително посетете ја. Виница е мал град, но сепак има одлични училишта, основни и природно-математичка гимназија. Денеска има многу успешни фирми, кога живеев таму не беше така. Превладуваше текстилната индустрија и земјоделството и сама едноставно не можев да се видам во таква иднина. Затоа барав начин, да излезам од градот каде сите се познаваат и работите се средуваат преку врски. Случајно открив можност за стипендија за програмата Меѓународна матура. Без да им кажам на родителите се пријавив и бев избрана. Тогаш не знаев каде точно е Марибор, не разбирав словенечки, не познавав никој што живее таму. Можеби помагаше тоа што имав 16 години и не размислував за сите можни проблеми, ама еве, сум имала среќа (се смее) . 

*Вие сте нова министерка за дигитализација во словенечката влада. Каков предизвик е оваа функција за вас, и што претставува?

-Функцијата ми преставува голема чест и уште поголема одговорност. Јас сум прва министерка во било која словенечка влада, која не е родена во Словенија. Воопшто во Европа можете на прсти на една рака да изброите такви како мене – родени и пораснати во една држава и на водечки позиции во друга. Бев пријатно изненадена од понудата на премиерот, кој ме покани да бидам дел од неговата екипа исклучително врз основа на моите професионални успеси во Словенија и Европа. Со дигитализација работам веќе долго. Имам водено многу меѓународни проекти финансирани главно од Европската комисија. Со секој од нив постигнавме одлични резултати. Лани добивме значајна награда „Digital champion“ од Светскиот самит на информатичко општество. Знаењето и искуствата кои ги добив со тие проекти, сакам да ги искористам и аплицирам на ниво на целата држава.

Целото интервју на Женски магазин


Можеби ќе ве интересира

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје