06 Јули, 2024
0.0328

НИКАКО ДА МУ ТРГНЕ НА СЕЛАУДИН АРИФИ - засега мелницата „меле“ само загуби, за трите квартали достигна 777 илјади евра

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Никако да дојдат подобри денови за „Жито Караорман“ од Кичево, компанијата која пред неколку месеци беше откупена во доминантниот дел од Селаудин Арифи, инаку газда и на „АС Сењак“. Па така, ако во првото полугодие од годинава кичевската млинско-пекарска индустрија прикажа загуба од 318 илјади евра, после три месеци таа не само што не е намалена, туку и нараснала како „квасец“, искачувајќи се на цели 777 илјади евра. Или, за третиот квартал од годинава компанијата на Арифи успеала да наталожи нова „негатива“ од дури 459 илјади евра, многу потешка од онаа остварена за претходните шест месеци.

Во образложението кое компанијата го даде за првото полугодие, таа кажа дека загубата се должи на сеуште високите цени на енергијата, како и на сеуште намалената функција на мелницата, што не дозволувало да се постигне планираното производство. Тогаш од „Жито Караорман“ објаснија дека во наредниот период се очекува надминување на сите овие проблеми и зголемување на приходите. Сепак, барем третиот квартал не ги оправдаа овие очекувања, а како ќе биде до крајот на годината останува да видиме. 

Во сегашното образложение, пак, за деветте месеци од годинава, компанијата не наведува кои се причините за загубата, туку само информира дека таа изнесувала 777 илјади евра, како и дека, како што велат, „во престојниот период се очекува зголемување на приходите, со оглед на фактот дека се набавиле поголеми количини на пченица, и мелницата се очекувало да работи со зголемен капацитет“.

Наспроти овој минус, пак, во истиот период лани фирмата имала добивка на сума од нецели 10 илјади евра, што значи дека воопшто не било сјајно, но барем имало каков таков профит.

А, „Жито Караорман“ во првите девет месеци од годинава имала солидни оперативни приходи од 1,12 милиони евра, што е раст за 23 отсто во однос на истиот период лани. Најголемиот дел од нив односно еден милиони евра отпаѓаат на приходи од продажба, и тоа сите од продажбата на домашниот пазар, и кај нив има зголемување за 11 проценти.

Остварени се и солидни оперативни приходи од 115 илјади евра, а лани таков прилив воопшто и немало на приходната страна.

Но, многу повеќе од приходите пораснале оперативните расходи, за повеќе од двојно, односно за 105 проценти, а се оствариле на износ од 1,84 милиони евра. Најголемата расходна ставка овде се останатите расходи од работењето, на сума од 847 илјади евра, додека, пак, лани износот на тие расходи е нула, што значи дека воопшто не постоеле. Набавната вредност на трговските стоки пораснала за 194 отсто, а огромен раст од над 3.000 проценти има кај услугите со карактер на материјални трошоци. А, оние трошоци што се намалени, се трошоците за вработените, за кои се издвоиле 200 илјади евра, што е помалку за девет проценти во однос на истиот период лани.

Оперативната загуба била на ниво од 719 илјади евра, а кога на ова ќе се додадат и финансиските расходи, со оглед што финансиски приходи воопшто немало, нето загубата е на ниво од 777 илјади евра.

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, Селаудин Арифи, се стекна со над 74 проценти од акциите, но и објави понуда до сите акционери за тотално докупување на нивните акции, со што тој би го поседувал целото ова акционерско друштво. Но, тие акциите не му ги продадоа.

Претходно, Арифи беше помал акционер во компанијата, но тој докупи 51 отсто од акциите од претходниот доминантен акционер Сретен Миладиноски.

Селаудин Арифи, всушност е познат како газда на фирмата „АС Сењак“, а според некои извори тој е близок со високи лица во ДУИ, една од владејачките партии. За оваа фирма се пишуваше и дека добива бројни државни јавни набавки.

Исто така, веќе пишувавме дека откако остана доминантен газда на кичевската „Жито Караорман“, Селаудин Арифи веројатно сега решава да се ослободи од деловите од таа компанија кои не се нејзин кор бизнис, односно млинско-преработувачката дејност, па компанијата повеќе нема да биде сопственик на фирмата „Хидро кар“, која работи во делот на електричната енергија. Односно, Жито Караорман од Централниот регистер се избриша како основач или сопственик на Хидро кар, и таа компанија доби нов сопственик, чие име се впиша во Централниот регистер како сопственик, а тоа е името на Ади Вокши од Гњилане, Косово. Ова всушност значи дека Арифи, односно неговата компанија „Жито Караорман“, му ја отстапи Хидро Кар на Ади Вокши од Тетово.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ВО ДРЖАВНАТА КАСА КАКО ДА ПОМИНАЛО ЦУНАМИ, ВО КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА Е“: Опустошена е, вели Мицкоски

„ВО ДРЖАВНАТА КАСА КАКО ДА ПОМИНАЛО ЦУНАМИ, ВО КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА Е“: Опустошена е, вели Мицкоски

ШЕСТДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Стапува законот во Грција, работникот ќе добие 40 проценти повисока плата, а не смее да работи повеќе од 8 часа

ШЕСТДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Стапува законот во Грција, работникот ќе добие 40 проценти повисока плата, а не смее да работи повеќе од 8 часа

УЈП: Регистрирана првата странска компанија за целите на ДДВ преку даночен застапник

УЈП: Регистрирана првата странска компанија за целите на ДДВ преку даночен застапник

ПОСКАПЕ КАКАОТО: Се зголеми и цената на чоколадите во повеќе земји

ПОСКАПЕ КАКАОТО: Се зголеми и цената на чоколадите во повеќе земји

ПРОМЕНИ ВО ИТАЛИЈА: Колкава е стапката на невработеност?

ПРОМЕНИ ВО ИТАЛИЈА: Колкава е стапката на невработеност?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Koлку германски компании го практикуваат ова?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Koлку германски компании го практикуваат ова?

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

ЧИПОВИТЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГИ „КАТАПУЛТИРАА“ РЕЗУЛТАТИТЕ НА SAMSUNG: Компанијата очекува уште една добра година

ЧИПОВИТЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГИ „КАТАПУЛТИРАА“ РЕЗУЛТАТИТЕ НА SAMSUNG: Компанијата очекува уште една добра година

ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!- се огласија од даночната администрација

ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!- се огласија од даночната администрација