НИКОЛОСКИ СЕ ПОФАЛИ, ПА КАЖА КАКОВ ПЛАН ИМА: Ќе го развие воздушниот сообраќај и ќе воведе нови авио линии, еве ги деталите
Објавено во: Економија 03 Октомври, 2024
Ќе го развиеме воздушниот сообраќај и во Македонија ќе донесеме многу нови туристи и многу нови авио линии, напиша министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.
Тој вчера беше на работна средба со извршниот директор на Визер, Јозеф Варади, со кој разговараа за досегашната соработка меѓу Визер како корисник на финансиската поддршка за воведување на авиолинии и Владата која ја реализира оваа мерка со цел поттикнување и унапредување на авиосообраќајот во земјава.
На средбата, како што информираше министерот, Николоски го отвори и прашањето за новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година.
Министерот детално информираше за условите и критериумите од јавниот повик, потенцирајќи го придонесот на авиокомпанијата Визер за развој на патничкиот авиосообраќај во изминатиот период.
Тој истакна дека јавниот повик е отворен за сите авиокомпании кои се заинтересирани да работат на македонскиот пазар под услови пропишани од јавниот повик.
Јавниот повик трае до 7 октомври и во рамките на тригодишната програма предвидено е финансиска поддршка во висина од 360 милиони денари. Покрај другите услови, предвидено е износот на финансиската поддршка да изнесува 9 евра по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 12 евра по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.