Николовски: „Снусот“ треба да биде регулиран
Објавено во: Економија 05 Март, 2024
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска пред медиумите информираше дека поднел иницијатива до Владата за регулирање на прометот и политиките на никотинските кесички, односно таканаречениот „снус“ кој е во слободна продажба во земјата и најмногу го користат младите.
- На моја иницијатива направивме информација во владина постапка со која се задолжува Министерството за здравство да ги направи сите анализи за безбедноста на овие никотински кесички. Ќе се формира работна група на Министерството за земјоделство, Министерството за здравство, Царинската управа и останатите институции кои ќе треба да ја информираат Владата дали ќе треба да се промени Законот за тутун или да се регулира на нов начин, рече Николоски.
Николовски добил стручно мислење дека во овој производ нема воопшто тутун, односно дека не е опфатен во Законот за тутун и бидејќи за него нема дефиниција, произлегува дека и воопшто не е регулиран.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.