16 Декември, 2025
0.2094

NISSAN – официјален превозник на ЖРК Вардар и РК Вардар

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2014 11:22

Добивај вести на Viber

По успешната соработка во сезоната 2013/2014 помеѓу РК Вардар и NISSAN, Аутомотив Груп и Вардар се договорија да го продолжат договорот и за следната сезона како и да ја прошират својата соработка со третопласираниот тим на последниот Final Four во женски ракомет, ЖРК Вардар.

„Вардар е амбициозен проект којшто допрва ќе го освојува Европскиот ракомет во машка и женска конкуренција, затоа сметаме дека соработката со еден гигант во автомобилската индустрија како што е NISSAN одговара на стратегијата на нашиот клуб, кој секогаш има амбиции за подобри резултати и се стреми кон нови успеси”, изјави директорот на РК Вардар, Давор Стојаноски.

“Ракометот е број еден спорт во Македонија кој го пратат и поддржуваат најголемиот број македонски навивачи. Верните навивачи на Вардар и ракометните љубители секојдневно очекуваат информации за својот клуб и се што е поврзано со него, нивниот следен потег, нови засилувања, нови амбиции. Токму таа енергија ја има NISSAN на светскиот пазар. Тоа е бренд кој ги создава трендовите, бренд кој освојува, иновација која возбудува. NISSAN е азискиот број еден во Европа и неговото место е помеѓу најуспешните.Со задоволство ја продолжуваме и прошируваме нашата соработката со амбициозни и успешни клубови како РК Вардар и ЖРК Вардар“, изјави Симона Николовска, лице одговорно за односи со јавност на Аутомотив Груп.

Женскиот и машкиот ракометен клуб Вардар минатата година забележаа врвни успеси како во домашните и регионалните лиги, така и на меѓународна сцена. Аутомотив Груп се одлучи да влезе во македонскиот клубски ракомет согласно стратегијата на NISSAN да поддржува спортови важни за пазарите каде освојува.

На европско ниво, почнувајќи од сезоната 2014/2015, NISSAN e официјален превозник на најважното натпреварување - Лигата на шампионите на УЕФА во наредните четири години.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив