NLB Lease&Go влегува на македонскиот и српскиот пазар
Објавено во: Мои пари 30 Ноември, 2022 09:38
НЛБ како една од најреномираните и значајни групации во регионот на Jугоисточна Европа најавува ново поглавје во своето работење кое на клиентите ќе им овозможи лизинг услуги.
Имено, NLB Lease&Go е присутен на словенечкиот пазар од пролетта 2020 година, а активностите за лизинг земаа толку голем обем што неодамна беше основана нова лизинг компанија во Северна Македонија и купување на лизинг субјект во Србија.
Лизингот е една од стратешките активности на НЛБ Групацијата, водечката банкарска и финансиска групација со седиште и ексклузивен стратешки интерес во нашиот матичен регион во Југоисточна Европа, која ги поддржува своите клиенти со универзални решенија преку мало, корпоративно и инвестициско банкарство. Лизинг услугите што ги нуди членката на НЛБ Групацијата NLB Lease&Go, Љубљана, ги надополнуваат услугите за кредитирање на банката и им овозможуваат на клиентите на мало и на корпоративните клиенти да ја изберат опцијата што најдобро одговара на нивните потреби, ситуација и преференци. Компанијата имено нуди финансиски и оперативен лизинг на движни предмети, кој вклучува патнички возила, лесни и тешки товарни возила и опрема. Истиот модел и стратегии ќе се применуваат и на новите пазари.
Структурите за управување се веќе поставени кај новите лизинг членки со целосна имплементација на принципите за корпоративно управување на Групацијата. Се очекува двете компании да започнат со своите први активности веќе следниот месец и поодлучно да влезат на своите пазари во јануари 2023 година.
„Услугите за лизинг се добро прилагодени на потребите на клиентите, па затоа не е чудно што решивме постепено да ја прошириме оваа активност на други пазари каде што работи нашата Групација“, објаснува извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак. „Убедени сме дека лизингот повторно ќе стане важна деловна активност на Групацијата. Проценуваме дека во зрелата фаза, со органски, а можеби и неоргански раст, ќе придонесе повеќе од една милијарда евра во вкупниот биланс на Групацијата. Нашата цел е NLB Lease&Go да станат водечки компании во областа на движниот имот во наредните години и да преземат важна улога во областа на мобилноста на секој пазар.“
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




