16 Декември, 2025
0.0366

НОРВЕШКА БАРА ВОЗАЧИ НА АВТОБУС, НАСТАВНИЦИ, РАБОТНИЦИ-Просечна плата околу 4500 евра!

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2016 10:47

Добивај вести на Viber

Европската канцеларија за вработување објави детеален извештај во кој се наведува дека на Норвешка и се потребни инжинери, наставници, медицински сестри, но и возачи на автобус, кувари и келнери, а на кои во таа уреден нордиска земја се нуди просечна плата од речиси 4500 евра.

Имено, на оваа скандинавска земја и се потребни инженери, а посебно експерти за механика, електроника, автоматика, хидраулика и водовод, предучилишни воспитувачи, наставници, посебно во области на природната наука и математика, доктори на медицина и медицински сестри, психолози, возачи на автобуси, таксисти...

Компаниите во Норвешка кои моментално бараат инжинери и експерти од различни профили се, помеѓу останатото, Aker Solutions, FMC Technologies, Statoil, National Oilwell Varco, Kverner, Kongsberg Grupa, Aibel, Roksar i Fabricom.

Според наводите на Еурес, за престој во Норвешка е потребно да се пријавите за дозвола за престој во период од три месеци во локалната полициска станица во таа земја или откако земјата на државјанинот му најде акдеквато вработување. Странец може да остане во Норвешка шест месеци додека бара вработување.

Оваа земја е позната и по големите резерви на сирова нафта и гас а се вбројува и меѓу најголемите извозници на морска храна во светот. БДП во Норвешка моментално изнесува 56.920 долари или 41.683 евра по жител. До двојниот масакар во јули 2011 година кога Андреас Беринг Бривик уби 77 луѓе, Норвешка е сметана за една од најбезбедните земји. На референдумот во 1994 година граѓаните на Норвешка одбија да и се придружат на Европската унија, а според неодамнешната анкета 80 посто од Норвежаните не сакаат во ЕУ.

Истражувањата покажуваат дека условите на работа во Норвешка меѓу најдбрите и најхунани во светот. Работниците заклучуваа пишан договор кој подразбира три до шест месеци пробна работа пред потпишување на долготраен договор. Платата се исплаќа на месечна основа, а вработените работат 37,5 часа неделно, односно 7,5 часа секој работен ден, а максимално 40 часа во неделата.

Европската канцеларија за вработување во својот извештај наведува дека вработените во Норвешка во просек имаат 25 дена годишен одмор, а сите оние над 30 години старост имаат 30 дена годишен одмор кој е уредно платен.

Просечната плата во оваа скандинавска земја е една од највисоките во Европа, но и светот. Така просечната месечна плата во Норвешка моментално е околу 36.700 норвешки круни , односно 4.384 евра. Десет одсто од најдобро платените жители на оваа земја во просек заработува околу 71.000 NOK месечно, односно 8541 евра, а десет одсто најслабо платени жители во просек месечно заработуваат околу 20.600 NOK или 2460 евра.

Сепак, ЕУРЕС напоменува како храната во Норвешка во просек за 62 одсто е поскапа отколку во останатите европските земји. Пример млекото, сирењето, јајцата, и месото се околу 60 одсто поскапи отколку во остатокот во Европа. Рибата и морските производи не се скапи во однос на прехрамбените производи.

Норвежаните во просек за станарина и комуналии трошат 27 одсто од својата плата, 20 одсто за јавен превоз и за автомобили, 18 одсто за храна и останати намирници зџа куќата и 12 одсто за одмор и рекреација.

Според податоците на ОН, Норвешка е рангирана како земја со највисоки просечни примања, најдолг животен век на жители и најдобри услови за живот на своите граѓани. Повеќето жители на Норвешка поседуваат своја сопствена куќа. Така околу 90 одсто од брачните парови имаат своја куќа или стан.

Просечна станарина во таа земја е околу 5 500 NOK, односно 657 евра. Станарините во Осло и Ставангер се поскапи во однос на другите градови на таа земја. Исто така куќа со двор во Норвешка може да се купи во просек за околу 2.000.000 do 3.500.000 NOK, односно 238.900 до 418.120 евра.

Неодамна властите на таа земја соопштиле како секој жител на Норвешка теориски станал милионер благодарение на државниот фонд во кој се слеваат средства од нафта и гас. Централната банка на Норвешка, која го управува Фондот „Глобал“, кој е основан во 1990 година, соопштила дека средствата од тој фонд поради високите цени на нафта и гас пораснале на 5,11 билиони норвешки круни, односно преку 828 милијарди долари, што е околу милион пати од скоро шест милиони вкупна популација на таа земја. Така прв пат во историјата на Норвешка се случило дека капацитетот на Фондот достигнал сума од милион круната по секој жител на таа земја.

Ова е официјалната страна на ЕУРЕС каде може да побарате детали и да аплицирате за работа во оваа земја.

А на овие линкови може да најдете работа и како да аплицирате. http://jobb.blocket.se/lediga-jobb-i-hela-sverige/jobs-in-english/?gclid=CjwKEAjw65GqBRCj3fLFwK2SpWoSJABa3E3cpA_MQ14AkxTAdfskCU0lBzqCYX-d-P-Jvle4MqD6GBoC-Crw_wcB http://work.sweden.se/ http://www.indeed.com/l-Norman,-OK-jobs.html http://www.snagajob.com/jobs/oklahoma/norman_jobs.html https://ec.europa.eu/eures/eures-searchengine/page/main?lang=en#/fullscreenJvView?jvId=3916851&pesId=54&uuId=d16096c483994b618a5e2dcf83409adb https://ec.europa.eu/eures/eures-searchengine/page/main?lang=en#/fullscreenJvView?jvId=3943561&pesId=54&uuId=7b6d875fa81e469cbc41a352ba9f1abb

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив