Нов рекорд, најголемата кампања досега, ,,Велигденски Радости” со неверојатни 250.000 посетители во Скопје Сити Мол
Објавено во: Македонија 13 Април, 2015
Изминатите 10-тина дена, Скопје Сити Мол беше збир на сите убави случувања по повод најголемиот христијански празник Велигден. Домашна приказна по европски стандарди беше она што ги импресионира присутните. Насмеани лица, среќни деца, хумани родители беа сите оние кои го дадоа својот придонес за овој настан да биде повеќе од успешен. Над 250.000 граѓани е бројката која е забележана деновиве и заслужува посебен поздрав. Местото каде што се случуваа ,,Велигденските Радости” беше она што ги импресионира најмалите, а развесели постарите.
Она што ги соедини празниците и хуманоста беше успешната реализација на ,,Велигденските Радости” во Скопје Сити Мол. Од 3-ти до 13-ти април, граѓаните имаа можност да бидат креативни, најмалите цртаа, се сликаа со малите животни кои беа дел од фармата. Сето тоа беше од хуманитарен карактер, да се помогне онаму каде што е тоа најпотребно. Ѓаконијата, Велигденскиот Базаар, цртањето на јајца и нивната изложба, работилниците и фармата со различни мали и слатки животни беа светот во кој многумина уживаа, фотографираа, учествуваа и несебично го дадоа својот придонес.
По многу радости, среќни моменти, насмеани лица, креативни мали уметници и 250 000 посетители ќе биде запаметен ,,Велигденски радости”, еден од најмасовните и најуспешни настани во Скопје Сити Мол.
Период на насмевки и радости, љубов и празници. Период во кој на уникатен начин се прослави Велигден. За многу години празникот.