19 Декември, 2025
0.1527

Нова успешна година за НЛБ Тутунска банка АД Скопје

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2013 11:03

Добивај вести на Viber

НЛБ Тутунска банка АД Скопје е повторно една од најуспешните банки во Република Македонија за 2012 година, со остварена нето добивка од 8,1 мил. евра, покажуваат резултатите објавени на Годишното акционерско собрание. -НЛБ Тутунска банка оствари една од најуспешните деловни години. Нето добивката на Банката за 2012 година изнесува 8,1 милион Еур, повратот на капиталот РОЕ е 10,1%, билансната актива е 968 мил. Еур, додека нивото на нефункционални пласмани е 7,6% со што Банката повторно оствари подобри резултати од просекот на македонскиот банкарски сектор и традиционално, веќе 28 години, според сите параметри на ликвидност, солвентност и профитабилност се издвојува како една од најуспешните и најстабилните банки во Република Македонија“, информираат од банката. Понатаму се додава дека на Собранието на акционерите, втора година по ред, беше одлучено целата остварена добивка од 2012 година, да се реинвестира во резервите на Банката, со што се овозможува понатамошен раст на кредитните активности, висока ликвидност и висока адекватност на капиталот од 15,32%. На крајот на 2012 година, вкупните кредити изнесуваат 556,4 мил. Еур, од кои 289,4 мил. Еур се пласирани кај стопанството, додека кај населението се пласирани 267 мил. Еур.   „За следната година планирано е зголемување на постојното кредитно портфолио, со посебен акцент на кредитирање на микро, малите и средни претпријатија и населението, за што веќе е направено олабавување на каматните и кредитните услови“, додаваат од НЛБ Тутунска банка АД Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство