17 Декември, 2025
0.0732

Нова збирка раскази и читална од проектот „Создади книга“ на ЕВН Македонија

Објавено во: Мои пари 16 Март, 2015 13:29

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија го промовираше второто издание раскази како дел од проектот „Создади книга“. Во новата збирка раскази се објавени дела на познати имиња во македонската литература, но и на млади македонски автори. Читателската јавност ќе се сретне со книжевни креации на Владимир Мартиновски, Ермис Лафазановски, Лира Бојку, Симона Јованоска и Верче Карафилоска.

Читална - ОУ „ Блаже Коневски“ Скопје нас. Аеродром

Промоцијата на новата збирка во исто време е и промоција на новата читална во основното училиште „Блаже Конески“ која се отвора во рамките на кампањата на ЕВН Македонија за поттикнување на читачките навики кај младата популација, во партнерство со асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.

Автор-Симона Јованоска

Во овој простор во иднина ќе се спроведуваат едукативни работилници во рамките на кои преку современи методи, книгата ќе се доближи до младата популација, тргнувајќи од индивидуалните потреби и капацитети на децата.

До крајот на март со донација на ЕВН, читални ќе бидат отворени и во Центарот за култура „Браќа Миладинoвци“ во Струга и во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола во соработка со Иницијативата за културен активизам и „Форум 16“.

Автор-Лира Бојку

Читалните се проектирани и реализирани според решенија на компанијата „Delight“ базирани на долгогодишните истражувања на Steelcase“ - светскиот лидер во областа на креирање современи училишни простори.

Во рамки на кампањата на ЕВН Македонија за поттикнување на читачките навики кај младата популација, распишан е и конкурс за најдобра првоаприлска маска инспирирана од лик од книга, со што ќе биде одбележан и 2-ри април, Светскиот ден на книгата за деца.За најдобрите и најкреативни учесници ЕВН обезбеди и награди.

Автори -Симона Јованоска, Лира Бојку

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив