Нови вработувања во новиот Веро маркет во Скопје
Објавено во: Македонија 03 Мај, 2018 11:31
Отворањето нов Веро маркет во скопската населба Карпош 3 е најновата инвестиција на компанијата „Веропулос“ која ќе претставува дополнителен поттик за домашните производители и ќе донесе нови вработувања.
Бројни изненадувања, дополнителни попусти за пазарување во „Џамбо“, акции, дегустации на производи, но и едукација за најмладите, ги очекува посетителите на големото отворање на новиот Веро маркет во сабота. За децата е предвидена забавна програма во која Веро, заедно со омилениот детски јунак Петко и неговиот бенд „Пет плус“ преку песна и дружење ќе ги едуцираат најмладите, но и нивните родители за значењето на здравата храна. Изненадувањата за потрошувачите ќе продолжат и во следните неколку денови. За секоја сметка над 1.000 денари направена во новиот маркет во Карпош 3 во периодот од 5 до 8 мај, следува дополнителен попуст од 100 денари за пазарување во Џамбо до крајот на мај.
Со најновата инвестиција на компанијата „Веропулос“, бројката на вработени во оваа компанија ќе достигне околу 1.100 лица. Согласно продажната стратегија на Веро и новиот маркет во Карпош 3 ќе нуди широка палета производи од македонски производители и брендови, како и ексклузивни производи од увоз кои може да се најдат само во маркетите на Веро. За потрошувачите ќе има специјални акции како дел од програмата за лојалност на Веро, креирани според нивните барања и потреби.
- Веро продолжува да ја следи компаниската стратегија за поддршка на домашните производители со кои континуирано соработува веќе 20 години. Партнерскиот однос што го изградивме со домашните производители низ годините, заемната соработка која се темели на доверба и позитивните финансиски резултати што континуирано ги остварува нашата компанија резултираат со интензивна експанзија на Веро. Оваа интензивна експанзија, која почна во 2016 година, ќе продолжи и во следниот период. Нашиот тим посветено работи да ги оствари зацртаните цели, да нудиме најквалитетни производи и услуга по најконкурентни цени – вели Лукас Бисиас, генерален директор на „Веропулос“ за Македонија.
Во изминатите 20 години колку што е присутна на македонскиот пазар, компанијата Веропулос има отворено осум маркети во Скопје и по два маркета во Битола и Тетово, како и четири продавници „Џамбо“ во овие три градови. Ова компанија е сопственик и на франшизата за ресторанот за брза храна „Гудис“.

Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




