Новиот Ајфон во Србија доаѓа на 31 октомври
Објавено во: Мои пари 13 Октомври, 2014
Компанијата Епл денеска најави дека своите ударни модели на смартфоните, Ајфон 6 и 6 плус, премиерно ќе ги претстави во 36 нови земји во светот во петокот на 31 октомври, а меѓу нив е и Србија.
Ајфон 6 и Ајфон 6 плус ќе бидат достапни во вклупно 69 земји до крајот на месецот, а планот на Епл е до крајот на годината бројот на земји да биде 115.
Распоред на појавување на Епловите телефони по земјите и датуми:
-петок 17 октомври: Кина, Индија и Монако
-Четврток 23 октомври: Израел
-Петок 24 октомври: Чешка, Гренланд, Малта, Полска, Јужна Африка
-Четврток 30 октомври: Бахерин и Кувајт
-Петок 31 октомври: Албанија, Босна, Хрватска, Естонија, Грција, Унгарија, Исланд, Косво, Летонија, Литванија, Макао, Македонија, Мексико, Молдавија, Црна Гора, Србија, Јужна Кореја, Романија, Словачка, Словенија, Украина и Тајланд.