19 Декември, 2025
0.0508

Обновливите извори за енергија и паметните иновации, предизвик за македонските професионалци на Самитот на Македонија2025 во Скопје

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2016 12:53

Добивај вести на Viber

На Самитот во организација на Македонија2025 што ќе се одржи на 20 и 21 октомври во Скопје, значително внимание ќе биде посветено на обновливите извори на енергија и примената на нови и „зелени“ технологии. Организаторот на настанот ќе посвети цел панел составен од меѓународни експерти кои ќе зборуваат на теми што се директно поврзани со одржливиот развој и новите технологии, кои полека но сигурно се применуваат низ целиот свет.

Темата „Одржлив развој“ има особено значење за Македонија и земјите од југоисточна Европа поради зголемената потреба од изнаоѓање начини што овозможуваат одржлив развој и заштита на животната средина. За иновативните компании ова претставува посебен предизвик поради зголемениот „апетит“ на глобалните клиенти за нови технологии што овозможуваат заштеда на енергија, зголемување на ефикасноста и подобрување на разни процеси и услуги.

За споделувањето на знаењето и актуелните насоки во повеќе области поврзани со темата ќе се погрижат неколку меѓународни експерти и професионалци. На панелот „Иднината на светот што користи обновливи енергии“ ќе зборува Карина Барнхолт Клепер која е советник во одделот за истражување и енергија на Нордискиот совет на министерства. Карина Клепер работела во Научниот центар за материјали и нанотехнологија (SMN) при универзитетот од Осло, каде што развивала процеси што се користат во енергетската технологија, на база на силикон и атомска слоевна депозиција. На Самитот на Македонија2025 Клепер ќе зборува за визијата и стратегијата на Нордискиот регион во примената на обновливи енергија и за економските придобивки од користење на зелени технологии.

Петар Казначеев е Директор на Центарот за ресурсни економии при Руската академија за национална економија и јавна администрација. Господинот Казначеев им опширно петнаесет годишно искуство, вклучувајќи ги и работните позиции како советник на Бритиш Петролеум и аналитичар за Светската банка за Русија. На Самитот во Скопје Казанчеев ќе зборува за глобалните енергетски трендови и ефикасното користење на националните ресурси.

Борис Манев е менаџер за прашања од животната средина во одделот EMEAR при Епсон Европа. Господинот Манев има широко искуство во јавни политики и одржлив развој. Неговата академска позадина е меѓународна економија, а специјализацијата за енергетска политика и корпоративен менаџмент за животната средина ја стекнал во EMEAR. На Самитот, Манев ќе зборува за последните новини од сферата на „циркуларната економија“ и развојот на сродни бизнис модели.

Франческо Одоне е поранешен заменик градоначалник на Џенова и еден од говорниците напанелот. Одоне ја исполнуваше функцијата заменик Градоначалник на Џенова за време на проектот во кој беа вклучени седум европски града како дел од програмата Smart City.Тој ќе зборува за иницијативите за трансформација на ефикасноста на градовите, за економскиот развој и за односите помеѓу европските земји во поглед на соработката и развојот.

Панелот за обновливи енергии ќе биде составен од пет врвни експерти а ќе биде модериран од канадскиот бизнисмен со македонско потекло и ко-основач на Македонија2025, Џон Битов помладиот. На Самитот кој ќе се одржи на 20 и 21 октомври во хотелот Мариот во Скопје ќе присуствуваат професионалци со меѓународно искуство и компании со глобални клиенти. Како и минатата година, се очекува настанот да биде исполнет до последното место и да го повтори успехот за најдобар и највлијателен бизнис настан во Македонија за 2016 година.

Организаторот Македонија2025 ги поканува сите професионалци да ја искористат можноста за рана регистрација и да присуствуваат на Самитот по намалена влезница. Освен панел дискусиите на Самитот ќе има Гала коктел, можности нетворкинг, меѓународни компании и реномирани спонзори. 


Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство