17 Декември, 2025
0.0738

Образование што ги отвора вратите во професионалниот свет!

Објавено во: Мои пари 30 Септември, 2014 13:05

Добивај вести на Viber

Еднаш иницирана и повеќепати со успех потврдена, соработка меѓу Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд - Сити Колеџ, лоциран во Солун и Министерството за образование и наука на Република Македонија, продолжи и оваа година со доделување на нови 20 стипендии. Стипендистите ќе можат да изберат да студираат на некоја од насоките маркетинг, општ менаџмент, финансии, логистичка поддршка или менаџмент во здравството. Станува збор за исклучително вредни и посакувани студии што овозможуваат бројни перспективи за дипломците.
„Да се биде дел од интернационалната средина на Универзитетот Шефилд, значи да комуницирате и соработувате со високо мотивирани колеги од најразлични професионални области, да разменувате идеи и различни перспективи, да бидете турнати до работ на вашите можности од страна на академскиот персонал, се со цел да стекнете искуства и вештини, неопходни за современиот деловен живот. Критичната евалуација, академското истражување и дискусијата базирана на аргументи, се главните атрибути на извршната МБА програма. Можноста да учите од мотивирани професори и врвни експерти од Велика Британија, Канада и Грција, го прави студирањето возбудливо и полно со ентузијазам. Можноста академски да ги сознаете бизнис процесите во компанијата каде работите има непроценлива вредност за личниот професионален развој и ви овозможува компетитивна предност“, сведочи Д-р Оливер Николов, Менаџер за производи, РОШ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје.
Стипендијата „Борис Трајковски” е целосна и во вредност од 14.890 евра, а по половина од износот обезбедуваат Владата на Република Македонија и Сити Колеџот од Солун. Предавањата се одвиваат за време на викендите. Добитници на стипендијата „Борис Трајковски” се повеќе од 150 менаџери од највисоки нивоа од различни сектори во државата. Со примена на новостекнатото знаење и вештини дипломците придонесуваат кон развој на заедницата, економијата и земјата во целост.
Следејќи ја оваа програма, додека работев со полно работно време и се трудев да основам сопствен бизнис бараше целосна посветеност, само-контрола и жртва. Но, придобивките од истата ги надминаа дадените влогови и го редефинираа начинот на кој размислувам, работам па дури и начинот на кој се социјализирам. Целата настава е кондензирана но, става акцент на најважните аспекти од бизнис светот – од маркетинг па до економија“, изјавува Емилија Попоска Кардалева, основач и извршен директор на Илумникс ДООЕЛ Скопје.
Со овозможување на стипендиите „Борис Трајковски” на кандидатите им е понудена единствена можност да студираат и добијат МБА диплома од Универзитетот Шефилд, кој е рангиран на 69-тото место во светот и на 25-тото место во Европа, согласно најновите резултати објавени од реномираната QS ранг листа, помеѓу универзитетите од целиот свет, за академската 2014-2015 година. Дел од критериумите за стекнување на оваа престижна стипендија се кандидатите да се македонски граѓани, да се постари од 24 години и да имаат најмалку три години работно искуство. Конкурсот е отворен до 15 октомври а кандидатите ќе ги избере комисија составена од по еден претставник од потписниците на протоколот. Деталите во врска со конкурсот се објавени на специјализираниот портал на Министерството за образование и наука на Република Македонија, www.stipendii.mon.gov.mk.  

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив