Обвинителството отвора предмет за Груби и Беџети
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2024
Основното јавно обвинителство оформи предмет по допрен глас за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети.
Ова на денешниот брифинг го информираше јавниот обвинител Љупчо Коцевски, откако Груби и Беџети се најдоа на „црната листа“ на Стејт Департментот.
Покрај санкциите за Груби и Беџети, забрани за влез во САД се воведени и за членовите на нивните семејства.
Американската амбасадорка во Скопје,Анџела Агелер, вчера рече дека информациите не се споделени со македонските институции, но дека истите се достапни ако се покаже волја.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска рече дека Груби ќе се жали за ваквата одлука на Стејт Департментот но и дека истата ќе биде почитувана.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.