Од коло 99 гарантираниот фонд за 7-ка ќе се зголеми на 10 000 000 денари, една лото-комбинација ќе изнесува 30 денари
Објавено во: Мои пари 16 Ноември, 2022 13:56
Лото 7 со цел побрзо полнење на фондот за добивката од прва категoрија и за зголемување на вредностите на добивките по сите категории, почнувајќи од уплатата за 99 коло (10.12. 2022), една комбинација за учество во играта на среќа Лото 7 ќе е со вредност од 30 денари, колку што ќе изнесува и уплатата за еден Џокер број - известуваат од Државна лотарија.
Со ова, гарантираниот фонд за 7-ка на Лото 7, наместо 7 000 000 денари, ќе изнесува 10 000 000 денари, а гарантираната премијата за Џокер со 6 погодици ќе се зголеми на 1 000 000 денари.
Цената на комбинација за учество во овој вид игра на среќа и понатаму останува најниска во регионот.
Фондот за 7-ка во моментов изнесува над 30 000 000 денари.

Од октомври 2019, Државна лотарија овозможи учество во игрите на Среќа Лото 7 и Џокер со онлајн уплата, преку веб-страницата www.loto.mk.
За потсетување, досега имаме вкупно 26 (дваесет и шест) постигнати 7-ки, со добитници низ различни градови ширум државата, а рекордната 7-ка е забележана во 2021 година со вредност од 41 163 771 денари.
Играта Лото 7 е игра на среќа со најголема добивка во нашата земја, игра со еднакви шанси за сите учесници.
Дел од секоја поединечна уплата на влоговите во играта на среќа Лото и дополнителната игра Џокер е наменет за зголемување на Буџетот на Република Северна Македонија, со што играчите директно даваат допринес кон реализацијата на оштественокорисните цели на нашата заедница.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




