30 Јануари, 2025
0.0279

ОД СОВЕТНИК ЗА ЗДРАВСТВЕНА ПОЛИТИКА, ДО АМБАСАДОР ВО ФРАНЦИЈА: Еве кој ќе биде во амбасадата во Париз

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека неговиот досегашен советник за здравствена политика проф. др. Игор Николов ќе биде нов амбасадор на земјава во Франција. 

-Проф. др. Игор Николов, тој беше мој советник во делот на здравствената политика, чиј што договор ќе престане, бидејќи во текот на вчерашната седница беше предложен од Владата да биде нов амбасадор на нашата држава за Франција, изјави Мицкоски на новинарско прашање за договорите на неговите советници во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром каде беше симулиран сајбер хибриден напад. 

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчои Муцунски на прес конференција во декември лани ги најави измените на Законот за надворешни работи, кој ќе се носи транспарентно и во редовна постапка, чија цел е професионализацијата на дипломатската служба и подобрување на работењето и функционирањето на целокупниот државен систем вклучен во дипломатските процеси, како и преземањето на надлежностите во делот на надворешната трговија и странските инвестициите, обврска која произлезе од измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Со измените меѓу другото се предвидува зголемување на процентот на именуваните амбасадори кои ќе бидат од редот на професионалните дипломати од Министерството. Наместо актуелниот процент од една третина, во иднина се предвидува зголемување на најмалку една половина од редот на професионалните кадри. Дополнително, се предвидува и зголемување на мандатот на упатените дипломати во дипломатско-конзуларните претставништва од сегашните три на четири години.

Измените на законот го допрецизираат и законското решение во делот на учеството на Собранието, според кои, во иднина, по усвојување на овој закон, ќе се отфрли можноста претседателот на државата да го потпише указот без да биде испочитувана соодветната процедура во Собранието.

На прес - конференцијата министерот Муцунски најави дека во најскоро можно време ќе бидат пополнети сите клучни амбасадорски позиции. 


Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) ЕЛИТНИОТ РАЗУЗНАВАЧКИ И ПОЛИЦИСКИ ВРВ СЕ СОБРА НА ЕДНО МЕСТО - показен тренинг за елиминирање на терористички структури

(ФОТО) ЕЛИТНИОТ РАЗУЗНАВАЧКИ И ПОЛИЦИСКИ ВРВ СЕ СОБРА НА ЕДНО МЕСТО - показен тренинг за елиминирање на терористички структури

Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Уапсениот хирург од Битола доби осумдневен притвор

Уапсениот хирург од Битола доби осумдневен притвор

НИТУ ПРЕСМЕТУВАЛ НИТУ ПЛАЌАЛ ДАНОЦИ - финансиска полиција гони струмичанец за даночно затајување

НИТУ ПРЕСМЕТУВАЛ НИТУ ПЛАЌАЛ ДАНОЦИ - финансиска полиција гони струмичанец за даночно затајување

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА Е НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА, ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: „Следната година нема да има ваков проблем“

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА Е НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА, ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: „Следната година нема да има ваков проблем“

Почина работник на автопатот Кичево - Охрид

Почина работник на автопатот Кичево - Охрид

СО 160.000 ЕВРА СЕ КУПЕНИ САМО ДВА ЛАСЕРИ КОИ НЕ БИЛЕ ВО УПОТРЕБА: Ревизорите открија сериозни проблеми на Клиниката за дерматологија

СО 160.000 ЕВРА СЕ КУПЕНИ САМО ДВА ЛАСЕРИ КОИ НЕ БИЛЕ ВО УПОТРЕБА: Ревизорите открија сериозни проблеми на Клиниката за дерматологија

ЌЕ СЕ ИСПИТУВА КРВТА И УРИНАТА НА ВОЗАЧОТ КОЈ ЈА ЗГАЗИ МЛАДАТА ДЕВОЈКА - детали од Обвинителството за несреќата

ЌЕ СЕ ИСПИТУВА КРВТА И УРИНАТА НА ВОЗАЧОТ КОЈ ЈА ЗГАЗИ МЛАДАТА ДЕВОЈКА - детали од Обвинителството за несреќата

Сообраќајка утрово го закочи Центар

Сообраќајка утрово го закочи Центар