16 Јануари, 2025
0.0274

Од вториот ден на Велигден започнува Светлата седмица

Објавено во: Македонија 13 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Кога Исус им се јавил на апостолите Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот Тома не верувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“. (Јован, 20/25) Поради тоа апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Исус пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ Одговори Тома и му рече: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“. (Јован, 20/27-29)

Оттогаш останала поговорката „Неверен Тома“.

Свети Тома

(Благодејанието е рај.)

Свети Тома бил мајстор за куќи да праит. Откога умре Ристос и се воскресна на небеси, свети Тома ватил да кажуат по луѓето за да го веруваат оти вистина воскреснал од умрените Ристос. Шетал по селата и градовите Свети Тома да кажуат (проповедуат) за Христа. Вистина кажуаше, ама и си работеше мајсторлук да си го вади лебот, а не да чека од народот.

Отишол во еден град и се кажал за прв мајстор (устабашија). Во тој град имало некој чорбаџија многу богат, чул за Свети Тома оти бил многу мајстор и го викнал при себе да го прашат дали можи да му напраит еден сарај што да немат на векот, само убав да бидит. Свети Тома му изваил еден ресим, што беше се зачудил чорбаџијата. Тек, чифт беа се пазариле, и беше му зел капаро Св. Тома да му го праит сарајот. Тој чорбаџија беше многу лош мамелеџија (лихвар): беше и слекол сите луѓе во градот, од тешко мамеле што беше му земал, без исав чоек беше бил и бездушник.

Откоа беше ’и зел парите Свети Тома, думал, думал и издумал еден марифет: и за чорбаџијата да се избавит од греот и сиромасите да се закрепат во градо и да речат Бог да прости. Прашал во градо за кое сет најсиромаси ’рзелии, што не одат по питање, и му дал по троа пари да се подзавати во некоја работа и да се ранат. Поминале неколку дни, и пак пошол Свети Тома кај богатиот, пак му зел пари за ѓоа ќе купуат зајре што требат. Треќи пат, четврти пат му зел, и тогај го прашал чорбаџијата:

- Абре мајсторе – му рекол – ти тукуречи полојната пари ’и зеде и ништо на мегдан не изваде.

- Сите пари, сите ќе ми и даиш, чорбаџи – му рекол Свети Тома – и најпосле ќе го видиш азар сарајот, јас скришем ќе го напраам и веднаш, коа ќе го битисам, ќе го видиш сам, та ќе се зачудиш што сарај јет.

Беше се уверил чорбаџијата и, полека-лека, беше му ’и дал сите пари што требаше за сарајот да се напраит. Дошло определеното време, за да се зглоби сарајот, го викнал Свети Тома и го прашал оти не го зглобил.

Тој му наоѓал рачки и мрдалки, јок утре, јок други ден. На тоа згора чорбаџијата, откоа беше испитал здраво оти Свети Тома ништо не праел, ами само го лажел, сторил давија и го клал апс и на голема мака го предал на судот. За чудо големо, ноќта беше сонил чорбаџијата еден сон како да беше се качил на небеси и беше му показале еден сарај најубав.

- Го познаваш, чорбаџи, овој сарај чи јет? – му рекол ангел Божи.

- Овој сарај јет како расимот мој што ми го даде Тома мајсторо, а чи је сарајо, јас не знам – му одгоорил чорбаџијата.

- Твој јет овој сарај чорбаџи, твој. Овде, откога ќе умриш, ќе си доеш да си седиш, векутума века. Оди сега и пушти го Свети Тома и голем бакшиш да му даиш – му рече ангело. Едно се разбудил чорбаџијата и го пуштил Свети Тома од апсаана, и чорбаџијата се спаси, и сиромасите рекоа: „Бог да прости“.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира