Одбележани 25 години од фондацијата Отворено општество
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2018 12:29
Одбележувањето на големиот јубилеј почна со промоција на документарен филм и изложба - 25 години посветени на градењето отворено општество во Македонија, преку кои присутните се запознаа со работата на Фондацијата во изминатите години, како и проектите и програмите кои се реализирале со нејзина помош. За почетоците на ФООМ во Македонија, но и за нејзиното значење низ годините синоќа зборуваа заменик-претседателот на Фондациите Отворено општество, Леонард Бенардо и регионалниот директор на Фондациите Отворено општество за Европа и кодиректор на Европската иницијатива за отворено општество Жорди Вакер.
Бенардо ја почнал својата работа за Фондацијата отворено општество во Фондацијата Сорос – Москва, при што продолжил да ги надгледува целокупниот спектар активности со грантови во Русија, но и на Балтикот, во Полска и во Унгарија. Тој е основоположник на програмата за стипендирање Отворено општество, која во 2016 година се прошири и вклучува четири иницијативи фокусирани на потенцијалот на поединците за унапредување на отвореното општество. Вакер пред да дојде на сегашната позиција во Фондацијата отворено општество, бил директор на Центарот за меѓународни односи во Барселона, кој е еден од највлијателните истражувачки центри на ова поле во Јужна Европа. На неговите сегашни позиции работи на унапредување на вредностите и институциите на отвореното општество во земјите од Европската унија и Западен Балкан.
На работењето на Фондацијата и многубројните предизвици со кои таа успешно се справува во изминатите 25 години синоќа се осврнаа и Владимир Милчин, поранешен извршен директор на ФООМ, Маја Бојаџиевска, претседателка на управниот одбор на ФООМ и Фани Каранфилова-Пановска, извршна директорка на ФООМ.
- Фондацијата била и ќе биде меѓу првите за да ги брани правата и слободите на граѓаните, особено на маргинализирани заедници и на нашите сограѓани од помалите етнички заедници. Граѓанското општество и неговиот развој сме го поддржувале, го правиме тоа и денес и ќе прододолжиме понатаму на истиот начин, за да биде рамноправен партнер на институциите во реформите и креирањето на политиките, но и за да може независно да ја надгледува работата на властите, критички да ја анализира и да се застапува за промени – истакна Каранфилова-Пановска во нејзиниот говор на отворањето.
Серијата настани посветени на значајниот јубилеј продолжуваат денеска со регионалната конференција „Зошто Европа, зошто сега“? која ја отворија Фани Каранфилова-Пановска, Жорди Вакер и Лукаш Холуб, раководител на Одделот за политички прашања, правда и внатрешни работи при Делегацијата на Европската Унија.
На конференцијата, аналитичари, новинари, членови на граѓански организации од Македонија и регионот ја разгледуваат перспективата на земјите од регионот за интегрирање во Европската Унија. Преку дебати и отворање актуелни прашања тие ќе ги дефинираат ставовите на граѓанското општество од регионот во светло на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија. Оваа конференција, меѓу другото, ќе даде насоки за пристапување кон ЕУ преку владеење на правото, а ќе даде одговори на прашањата за тоа кои се вистинските закани за Европа и европеизацијата и дали земјите од регионот можат да најдат конечни и обврзувачки решенија за билатералните спорови.
Настаните за одбележувањето на 25-годишниот јубилеј на ФООМ продолжуваат и во следниот период.
Можеби ќе ве интересира
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка




