10 Мај, 2024
0.0271

Одбележете го петок 13 со култни хорори на Pickbox

Објавено во: Мои пари 13 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Петок 13-ти е идеален ден за да ја тестирате сопствената храброст и издржливост со нашиот страшен маратон со хорор-филмови. На најсмелите гледачи, четирите наслови кои ги подготвивме не би требало да им претставуваат поголем предизвик. Или можеби... На Pickbox ве чека избор од култните хорори: Кери, Ужасот во Амитивил, Хостел, Егзорцизмот на Емили Роуз.

petok 13

Проклетството на крвта

Да речеме дека Кери и не е најдобар избор за девојка која би можеле да ја земете како придружничка на матурската забава. Младата и плашлива Кери е жртва на измачување дома и во училиштето и сите тие трауми резултираат со еден голем, крвав катарзичен испад, кој прераснува во масакар на сите што се наоѓаат на забавата.

Да знаеше злобното друштво од училиштето дека Кери е надарена со посебни моќи и дека со неа не би требало да се шегуваат, можеби работите би излегле малку посреќни за сите околу неа, па и за фундаментално религиозната мајка, која ќе мора да покаже барем малку мајчинска љубов ако не сака да заврши со ножови во градите. Одлична адаптација на истоимениот роман од Стивен Кинг, кој на Сиси Спејсек и на Пајпер Лори во далечната 1976 година им донесе номинација за "Оскар", а на другите актери, како Џон Траволта, широко им ја отвори вратата на филмскиот свет.

И куќите имаат сеќавање

Куќите немаат сеќавање, но ова е една од оние што многу добро ги помните. Ужасот во Амитивил е снимен според вистинито случување и тоа може да биде една од причините зошто оваа приказна на ужасот би можела да ви ја заскокотка фантазијата. Секому може да му се случи да заглави во куќа што има мрачно минато.

Во куќата што подоцна ќе стане една од најпознатите американски проколнати куќи се доселува тазе брачниот пар Луц со своите три деца, и тоа само 13 месеци откако 23-годишниот Роналд Дефо го убил своето шестчлено семејство во неа. И покрај сознанието што се случило во куќата, несреќните Луцови не му ја мислат многу за да се вселат. Тоа што би требало да стане куќа од соништата се претвора во куќа опседната со демоните на бившите сопственици.

Идеално за гледање ако тукушто се имате преселено во нова куќа или стан, а уште не сте сигурни каква енергија има.

Хостел за умирање

Ако не ве интересираат премногу проколнатите куќи и девојките опседнати од демони, сигурно ќе уживате во психопатите кои поради таинствени фетиши сакаат да ги мачат туристите и да им ги сечат деловите од телото.

Двајца авантуристи Американци и еден Исланѓанец се на патување низ Европа, а еден друг патник ги упатува во Словачка, рајот полн со згодни и слободни жени. Во хостелот ги дочекуваат привлечните Светлана и Наталија со кои момчињата ја минуваат ноќта. Кога Исланѓанецот Оли исчезнува од лицето на земјата, на Џош и Пакстон тоа сѐ уште не им е аларм дека нешто чудно се случува во хостелот во кој престојуваат.

Ако одлучите да тргнете по овој болен пат, во Хостел ве чека возбудливо патување полно со мрачни простории, болни фантазии, моторни пили и растурени човечки црева.

Луцифер лично и персонално

Тој што барем еднаш во животот не бил сведок на филмски егзорцизам, време е своето образование да го подигне за еден степен и да го гледа култниот филм Егзорцизмот на Емили Роуз во кој студентката Емили Роуз ја опседнале не еден, туку дури и шест злобни демони.

Бидејќи на кутрата и епилептична Емили Роуз не можело да ѝ се даде лекарска помош за нападите што ги имала, свештеникот Ричард Мур врз себе ја презел улогата за истерување на демоните од кои е најголем Луцифер, кој ја опседнал Емили во 3 часот наутро. По низата егзотични ритуали, Емили умира, а свештеникот Мур завршува во затвор под сомнеж дека неговите ритуали ја предизвикале смртта на Емили.

Психолошки трилер, кој барем за миг ќе ве натера да поверувате во натприродните сили. Секако, ако и самите не криете некој личен демон.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори