Одложено разгледувањето на жалбите во случајот „Монструм“
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2015
Апелациониот суд во Скопје ја одложи расправата во таканаречениот случај „Монструм“ за петкратното убиство на Смилковско езеро кај Скопје во 2012.
Причината за одложувањето е недоаѓањето на двајцата осуденици од затворот Идризово. Судот наведува дека затворот навремено е известен, но од затворот тврдат дека повик до нив не стигнал .
Кривичниот суд во Скопје, пред година дена, првостепено на доживотен затвор осуди шест лица за кривично дело тероризам, со што е означено убиството на пет лица на Смилковско езеро.
Рочиште во септември
Осудените се жалеа на првостепената одлука. Наредното рочиште е закажано з а11 септември.
Причината за одложувањето е непостоење на предуслови за одржување на јавна седница што, според мое мислење , е многу чудно. Двајца осуденици кои се наоѓаат во затвор во Идризово , не дојдоа. Не дојде ни нашиот колега, од објективни причини. Сметам дека Апелациониот суд ималможност да гго достави повикот. Ме изненадува нивното недоаѓање, не ја знам причината, но знам дека тоа сигурно не била нивна волја“, изјави адвокатот на одбраната Насер Рауфи.