ОДЛОЖУВАЊЕ: Приватните автобуси ќе им кажат збогум на хартиените билети во јануари
Објавено во: Македонија 26 Август, 2016
Почнувајќи од следниот месец ќе стартува крајот на хартиените билети во автобусите на ЈСП.
Доаѓа напредно технолошко време кое во приватните автобуси пак наместо од септември ќе почне да се применува по Нова година.
По барање на приватните автобуски превозници, градскиот совет одлучи електронската наплата за превозниците од „Макекпрес“ и „Слобода превоз“ да биде одложено и да почне да важи од 1 јануари 2017 година, а причината се неодамнешните поплави кои го зафатија главниот град и кои оштетија 45 автобуси на приватните превозници.
Во ЈСП-Скопје задолжително ќе мора да се користи персонализирана или непресонализирана СКОПСКА картичка.
Без разлика дали ќе користат возила од ЈСП СКОПЈЕ или пак од приватните превозници граѓаните ќе заштедат време, нерви и пари, велат надлежните.
ЈСП и приватните превозници ќе имаат строго определени линии на движење, оптимизација на возниот ред и стриктно придржување кон истиот, а се очекува да се намалат турканиците во автобусите и навремено пристигнување до посакуваната дестинација на граѓаните. Што се однесува до цените пак, и во приватните и во државните автобуси ќе бидат исти.
Сите автобуси се опремени со валидатори и ГПС уреди, преку кои во релно време може да се лоцира возилото, да се провери дали застанува на сите постојки, со која брзина се движи.