26 Октомври, 2024
0.0436

„ОДЛУКИТЕ И ДИСКУСИИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ВОДЕНИ ВРЗ НАУЧНИ АРГУМЕНТИ“: Муцунски за средбата со членовите на експертската комисија за историски прашања

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски оствари средба со новите членови на Заедничката мултидисциплнарна експертска комисија за историски образовни прашања со Република Бугарија. 

За средбата тој објави на неговиот Фејсбук профил, каде потенцираше дека „одлуките и дискусиите во рамки на комисијата треба да бидат водени врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода“

- Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија одржав протоколарна средба со новите членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Република Бугарија.

Во своето обраќање истакнав дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети им стои на располагање за одговорно и непречено извршување на нивните активности. Посочив дека одлуките и дискусиите во рамки на комисијата треба да бидат водени врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода - напиша Муцунски на својот Фејсбук профил каде објави фотографии од новиот состав на комисијата. 

Тој воедно дополни дека „ја нагласив и мојата лична заложба за независност во одлучувањето на комисијата, без никакви политички влијанија и притисоци“.

Еве ја неговата објава: 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Комисијата за помилувања на Силјановска Давкова си даде колективна оставка

Комисијата за помилувања на Силјановска Давкова си даде колективна оставка

Се зголемува бројот на заболени од вируси

Се зголемува бројот на заболени од вируси

Ботаничката градина во Карпош стана изборна измама?

Ботаничката градина во Карпош стана изборна измама?

Трипуновски: Струмица не инвестирала во филтер станицата, затоа нема вода за пиење

Трипуновски: Струмица не инвестирала во филтер станицата, затоа нема вода за пиење

Вработен во Управата за матични книги нападнал странка

Вработен во Управата за матични книги нападнал странка

Се спроведуваат вонредни инспекциски надзори во повеќе универзитети

Се спроведуваат вонредни инспекциски надзори во повеќе универзитети

Директор на подружница на „Национални шуми“ искриумчарил дрва од 13.500 евра

Директор на подружница на „Национални шуми“ искриумчарил дрва од 13.500 евра

Калајџиев: Помилувавме човек за пронајден пиштол и пет куршуми кај него дома

Калајџиев: Помилувавме човек за пронајден пиштол и пет куршуми кај него дома

Мицкоски се откажа од испраќањето на писмото: Се е разговарано со лидерите на ЕУ

Мицкоски се откажа од испраќањето на писмото: Се е разговарано со лидерите на ЕУ