08 Септември, 2024
0.0659

ОДЗЕМЕНИ КАМИОНИ, ТРАКТОРИ, НЕЛЕГАЛНО СЕЧЕНО ДРВО И ФАТЕНИ КРАТЦИ: Михаилов „иако е празник, нема одмор“

Објавено во: Македонија 08 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Денеска, недела 8 септември, прекинат е огромен континуиран ланец на кража на дрвни сортименти кои оперираа на територијата на општина Кичево. Одземени се камиони, трактори, поголема количина нелегално посечена дрвна маса и на лице место се заловени поголема група на луѓе кои учествувале во овие криминални активности.

Ова денеска го објави Кире Михаилов, заменик генерален директор на Национални шуми кој изразам благодарност до МВР и шумочуварски служби од ЈП “Македонски Шуми” кои во денешнава акција покажаа огромна професионалност, желба и решителност да се справат со секаков вид криминални дејанија кои се случуваат на територијата на Македонија.

- Подолг период на територијата на ПШС "Лопушник" - Кичево оперираа групи кои на дневно ниво крадеа огромни количини дрвни сортименти и за истите енормно се богатеа. Истиве групи имаа огромна логистика од повеќе институции и успешноста на денешнава акција бараше преголем и сериозен ангажман.

Истиве групи оперираа во оддели во кои ние како ЈП "Македонски Шуми" немавме никакви активности, што значи сите нивни активности во целост биле нелегални.

Конечно, денеска правдата ќе биде задоволена, а сите овие луѓе кои денеска беа затекнати во нелегални активности ќе бидат извадени пред лицето на правдата.

Во текот на наредниве денови ќе бидат превземени сите активности и против нашите вработени кои немо кумуваа на овој криминал.

И покрај тоа што денеска е недела и огромен празник за нашата МАКЕДОНИЈА, ние покажавме дека нема одмор се додека не ја вратиме ситуацијата во нормала.

Со денешнава акција сакаме да им покажеме на граѓаните на МАКЕДОНИЈА дека нема да постои време во денот, ноќта, месецот или годината во кое нема да си ја работиме нашата работа чесно, пожртвувано и достоинствено, онака како што сака нашиот народ и секако за она за кое на последниве избори граѓаните несомнено ни ја посветија својата максимална доверба.

Честит нека ни е денот на независноста,

вековита да ни бидеш МАКЕДОНИЈО - напиша Михаилов на Фејсбук. 


Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА СЕ СЕСТРИЧКЕ“: Перо Камиказа со емотивна објава - „замина и мојата учителка“

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА СЕ СЕСТРИЧКЕ“: Перо Камиказа со емотивна објава - „замина и мојата учителка“

„Циклонот веќе е на пат“: Попоски најавува дека дождовите од утре ќе ја зафатат и Македонија

„Циклонот веќе е на пат“: Попоски најавува дека дождовите од утре ќе ја зафатат и Македонија

„Ахмети, fuck off!“: Митровски контра лидерот на ДУИ - „23 години по Рамковниот, од кои 21 е власт, ова е ноторна невистина“

„Ахмети, fuck off!“: Митровски контра лидерот на ДУИ - „23 години по Рамковниот, од кои 21 е власт, ова е ноторна невистина“

„Треба да си навистина дрзок криминалец свесен дека во Македонија не живее правото“: Најчевска за измените на Законот за локална самоуправа

„Треба да си навистина дрзок криминалец свесен дека во Македонија не живее правото“: Најчевска за измените на Законот за локална самоуправа

„Денес и секогаш, ја почитуваме вашата историја, вашата сегашност и светла иднина“: Агелер по повод Денот на независноста

„Денес и секогаш, ја почитуваме вашата историја, вашата сегашност и светла иднина“: Агелер по повод Денот на независноста

ЗАМИНА МАКЕДОНСКАТА АКТЕРКА СНЕЖАНА СТАМЕСКА: имаше исклучително плодна актерска кариера

ЗАМИНА МАКЕДОНСКАТА АКТЕРКА СНЕЖАНА СТАМЕСКА: имаше исклучително плодна актерска кариера

ТРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА - тешка сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

ТРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА - тешка сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

„САМО 30 ОТСТО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ“: Минчев вели реформите во јавната администрација се почнати

„САМО 30 ОТСТО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ“: Минчев вели реформите во јавната администрација се почнати

„Заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата“: Тошковски за празникот вели „криминалот не се исплати“

„Заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата“: Тошковски за празникот вели „криминалот не се исплати“