16 Декември, 2025
0.0652

Охриѓанецот Петар дел од научниците кои добија највисоко научно признание во Данска

Објавено во: Мои пари 26 Февруари, 2016 14:03

Добивај вести на Viber

По втор пат Охриѓанецот Петар Поповски (43) се закити со највисокото научно признание во Данска .

Признанието е од областа на науката и високата технологија а го доделува Министерството за високо образование и наука на Кралството Данска.

Синоќа во Глиптотек музејот во Копенхаген се одржа свечената церемонија а престижната награда „EliteForsk“ на годинешните лауреати им ја додели данската принцеза Мари.

„Наградите се признание за оние што се издвојуваат со својот талент, научниците кои поставуваат повисоки стандарди и цели пред себе, водени од амбициите да бидат најдобри во своите области“, изјавил министерот за образование и наука на Данска, Есбен Лунде Ларсен

Петар Поповски е дипломиран електро- инженер, првенец на Електротехничкиот факултет во Скопје во генерацијата 1997. Магистрира во 2000 година на Електро-техничкиот факултет , каде и привремено работи како асистент, во Институтот за телекомуникации.  Во 2001 година заминува за Данска, на докторски студии во Универзитетот во Алборг. Од 2004 работи како доцент на Универзитетот во Алборг. Од 2008 година покрај универзитетската позиција, работи и како експерт за бежична технологија во фирма за високотехнолошки апарати за слушање.

Првата награда за достигнувањата во областа на бежичните технологии ја добил во 2008 година.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив