06 Мај, 2024
0.0728

ОКТА првата дивиденда ќе ја исплати преку Централниот депозитар за хартии од вредност

Објавено во: Мои пари 21 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Централниот депозитар за хартии од вредност за првпат посредува во пресметка и исплата на дивиденда што компанијата ОКТА ќе им ја подели на своите акционери.

Во 2015 година компанијата ОКТА оствари подобрени резултати и профитабилност споредено со претходните години.За првпат од основањето на компанијата, на акционерите на ОКТА ќе биде доделена дивиденда.

Резултатот од позитивниот раст на компанијата е дивидендата што ќе ја добијат нашите акционери. Се одлучивме да одиме преку Централниот депозитар за хартии од вредност затоа што поседува технички, персонален и институционален капацитет за извршување на овој вид трансакција за исплата на дивиденда на брз и ефикасен начин. Извршувањето на овој процес преку оваа институција има бенефити и за акционерите, но и за нас како акционерско друштво“, изјави Јанис Героланос, Главен извршен директор на ОКТА.

Депозитарот е единствена специјализирана институција во Република Македонија која врши упис на новоиздадените хартии од вредност и ги евидентира сите други промени кои се однесуваат на издадените хартии од вредност, притоа применувајќи бројни домашни и меѓународни стандарди. Депозитарот располага со податоци со ажурирана состојба на сопственоста на хартиите од вредност во секој момент. Токму тоа и овозможува брзо и ефикасно трансферирање на дивидендата.

Бенефитот за компаниите од користењето на услугите на Депозитарот при исплатата на дивидендата и данокот кон Управата за јавни приходи на Република Македонија е капацитетот на Депозитарот во извршувањето на овие активности и сеопфатноста на услугата која ќе ја спроведеме, при тоа гарантирајќи високо ниво на доверливост и прецизност што на крајот ќе резултира со задоволни акционери на компанијата. Задоволство ни е што ОКТААД-Скопје ги препозна овие квалитети на Депозитарот и што исплатата на дивидендата за нејзините акционери ќе ја спроведе токму преку Депозитарот”, изјави Елена Јакимовска Петровска, Извршен директор на Депозитарот.

Сите акционери на ОКТА на адресите кои се евидентирани во Депозитарот ќе бидат писмено поканети да достават податоци за нивните трансакциски сметкизаради исплата на дивидендата. Со цел мисијата да биде успешно реализирана, Депозитарот ќе ги стави на располагање своите човечки ресурси и сите акционери кои ги немаат ажурирано своите податоци во Депозитарот, можат да се обратат директно до Депозитарот. На овој начин, реализацијата на акционерските права на акционерите на ОКТА ќе зависи само од нивната ажурност за доставувањето на потребните информации до Депозитарот.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ