23 Јануари, 2025
0.0349

Октоберфест: Како се движат цените на сместувањето?

Објавено во: Мои пари 25 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Со зборовите „Ozapft is“ оваа седмица започна 181 традиционален фестивал на пивото, кој секоја година угости преку милион туристи од целиот свет. Цената на литарска кригла ќе ве чини и до 10 евра, а како е со цените на хотелскиот престој?

Хотелскиот пребарувач Trivago направи преглед на цените на хотелскиот престој во текот на траењето на познатиот Октоберфест, во периодот од 20 септември до 5 октомври. Како алтернатива на скапите цени на сместување во Минхен, од овој сајт провериле, во кои баварски градови е можно да се престојува со пониска цена.

Минхен е познат како еден од најскапите германски градови каде цените на хотелскиот престој во просек се движат од 118 до 155 евра. Ноќевање во хотелска соба во август изнесувало 131 евра, додека во септември истата поранала за 76% и во просек изнесува 231 евро. Периодот од 20 септември до 5 октомври пркоси со високи цени, посебно за викенд од 26 до 27 септември, кога ноќевање во баварската престолнина изнесува 323 евра.

За разлика од Минхен, во Нирнберг, на пример ноќевање во двокреветна соба, за време на фестивалот изнесува 105 евра, во Паса 88 евра, а во околниот Аугсбург 103 евра.

При тоа, нема значајни отстапувања во цените на престој во текот на најскапиот викенд кој е пред нас. Секако треба да се напомене оддалеченоста од споменатите градови од баварската престолнина, но само на неколку километри од Минхен можете да заштедите 200 евра на ноќевање.

Кои се најголемите љубители на пивото?

Според резултатите на истражувањето, Минхен за време на Октоберфест, најмногу го посетуваат соседите Швајцарци и Австријци, покрај локалните гости, кои се на 2-ро место. Посебно голем интерес за фестивалот на пивото има кај скандинавските народи, кои се наоѓаат меѓу топ 10 љубители на германскиот пијалок .

Можеби ќе ве интересира

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ