Oн-лајн инспекциски надзор ќе врши заштита на личните податоци
Објавено во: Мои пари 25 Септември, 2014
Започнувајќи од вчера па се до утре во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе се одржи експертска мисија на тема “Воспоставување на правен основ за спроведување на он-лајн инспекциски надзор“ за вработените во Дирекцијата.
Експерстаката мисија е на особено барање од страна на Дирекцијата за заштита на личните податоци со поддршка од инструментот за предпристапна помош на Европската комисија, TAIEX, чија цел е изменување и дополнување на легислативата за заштита на личните податоци во насока на креирање правен основ за спроведување на он-лајн инспекции.
Ваква алатка досега има применето, освен Финскиот, и Францускиот орган за заштита на личните податоци, CNIL, по промената во законот во март 2014 година, со што обезбедија услови за спорведување на 200 он-лајн инспекции за тековната 2014 година.
Експертската мисија треба да понуди и размена на искуства и практични примери на употреба на оваа алатка, од страна на експертот од Финска, г. Арно Реијо, Омбудсманот за заштита на личните податоци на Финска, информираат од дирекцијата.