06 Мај, 2024
0.0228

оне.Вип: Ненамерни пропусти на компанијата придонесоа за нереалната слика за раст на цените

Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Откако АЕК неодамна соопшти дека по спојувањето на Вип и Оне има зголемување на просечната цена за минута разговор во мобилната телефонија и на мобилниот интернет, од компанијата на оне.Вип најпрво реагираа а потоа направиле детална интерна анализа на извештаите доставени до АЕК со цел да се лоцираат можните причини за таквиот погрешен заклучок.

При тоа , оне.Вип велат дека биле лоцирани два специфични ненамерни пропусти кои придонеле во значителна мерка во создавање на нереалната слика за раст на цените.

„Идентификувавме дека од наша страна во извештаите биле прикажани повисоки приходи од реално реализираните во мобилниот сегмент, како резултат на интеграцијата на комплексни системи кои се користат за генерирање на извештаи и неусогласеноста на дефинициите за пресметка на приходите во мобилниот сегмент. Истото се однесува во делот на поделба на приходите од месечна претплата на пакетираните услуги во мобилниот и фиксниот сегмент, како и прикажување на приходите од фиксни ГСМ услуги во мобилниот сегмент (согласно интерната политика за репортирање), додека според стандардите за репортирање на АЕК треба да бидат прикажани во фиксниот сегмент.

Втората грешка беше идентификувана во прикажување на обемот на сообраќај, каде што се прикажани помал број на минути бидејќи по спојувањето, поранешниот “сообраќај кон други мрежи” помеѓу Вип оператор и ОНЕ беше само изваден од извештаите и не беше додаден во категоријата “сообраќај во сопствена мрежа” како што требаше да биде по спојувањето“, соопштуваат во официјалното објаснување со кое ја информираат јавноста во однос на доставените извештаи до АЕК за четвртиот квартал 2015 година и за првиот квартал на 2016 година.

„Сметаме дека прикажаните приходи кои биле повисоки од реално реализираните во мобилниот сегмент, како и помалиот сообраќај во значителна мера влијаеле врз пресметките и заклучоците од страна на АЕК. Би сакале да истакнеме дека нема грешки во методологијата на пресметки на АЕК и искрено жалиме што нашите пропусти во извештаите значајно влијаеја врз АЕК во носењето на погрешни заклучоци. По завршувањето на сите потребни корекции и потврдата на податоците, доставивме ажурирани извештаи и извинување до АЕК за направените пропусти. Цврсто стоиме зад најновите ажурирани квартални извештаи кои ги доставивме до АЕК и се нудиме со целиот наш капацитет и транспарентност да и асистираме на АЕК во процесот на верификација на новите извештаи“, велат од компанијата.

Од оне.Вип при оваа прилика и се извинија на АЕК и на целата јавност, бидејќи како што велат, сметаат дека нивните пропусти во доставените извештаи придонесоа во извесна мера да се создаде негативна слика и коментари во пошироката јавност.

„Би сакале да нагласиме дека нашите финансиски извештаи генерирани на ниво на цела компанија не се предмет на корекција и остануваат како што се.

Во име на транспарентноста и реалното информирање на јавноста, би сакале накратко да информираме дека оне.Вип се соочува со тренд на намалување на приходите на малопродажниот пазар на мобилни комуникациски услуги во однос на приходите од мобилни услуги на ОНЕ и Вип оператор пред да се случи спојувањето. Ова соодветно се рефлектира во намалување на просечната цена на минута разговор во оне.Вип во четвртиот квартал на 2015 година од 0.2% во однос на претходниот квартал. Истиот тренд е евидентен и во првиот квартал на 2016 година каде што просечната цена за минута разговор во оне.Вип е пониска за 0.5% во однос на кварталот пред спојувањето.

Ја уверуваме јавноста дека нема покачување на малопродажните цени на тарифите во Вип брендот, тарифните модели кои беа достапни за корисниците и пред спојувањето на компаниите се достапни и понатаму, воедно компанијата воведе неодамна нови тарифни планови под Вип брендот кои имаат уште повеќе минути и поголеми интернет пакети по најдобри цени на пазарот. Со комерцијалната интеграција на брендовите нема промени во договорите склучени досега. Корисниците продолжуваат да ги користат услугите под истите услови под кои ги имаат склучено своите договори, со истите цени согласно избраниот тарифен модел, со уште повеќе бенефиции и сите бесплатни минути за разговор можат да ги користат сега кон најголемата мобилна заедница во Република Македонија“, посочуваат во објаснувањето.

Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“